Пакети со експлозив не се изненадување во Трамповата Америка
Михаел Книге
25 октомври 2018
Американската тајна служба пресретна потенцијално опасни пакети со експлозив испратени до Барак Обама и Хилари Клинтон. Нема детали за мотивот или испраќачот, но тоа не е изненадување со оглед на однесувањето на Трамп.
Реклама
Да почнеме со важно предупредување. Истрагата за потенцијано експлозивните направи кои беа испратени во домовите на поранешниот претседател Барак Обама, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, до Си-Ен-Ен, сѐ уште е во тек. Затоа не е разумно во овој момент да се шпекулира околу можната природа и позадина на веројатните терористички напади, кои се случија веднаш откако ист таков пакет беше испратен и на адреса на либералниот милијардер Џорџ Сорос.
Но можно е, па дури и неопходно, да се каже дека длабоко отровната, поделена по партиски линии американска политичка клима, во најмала рака, овозможи плодно тло за секој кој размислува за ваков политички мотивиран напад. Исто така е можно и неопходно да се каже дека претседателот Доналд Трамп е главната движечка сила зад драматичното влошување на политичката клима во земјата.
Поттикнување насилство
Трамп водеше и победи на изборите врз база на кампања исполнета со омраза и ад-хоминем напади против политичките ривали и медиумите, кои повеќепати ги прогласуваше за непријатели на народот. Тој има долго досие на користење опуштен јазик и нејасни закани кон секој кој искажува несогласување или критика за неговите политики или изјави. Само неколку примери во случајот со Клинтон: охрабрување на масите да извикуваат „затворете ја“, предлози до поддржувачите на неограниченото носење оружје да сторат нешто за да ја сопрат, сугерирање дека тајната служба веќе не треба да носат оружје додека ја чуваат „па да видиме што ќе ѝ се случи“. Не е потребно многу логика за да се сфати дека порано или подоцна некој поддржувач на Трамп ќе ги сфати неговите изјави како толеранција, или дури и директен повик, за политички мотивирано насилство.
На неговите митинзи, тој постојано инсинуира насилство против медиумите и противниците. Пред помалку од два месеци, на затворена средба со евангелистите, Трамп ја предупреди групата дека ќе има „насилство“ од левицата доколку Демократите победат на изборите за Конгресот.
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Шефот на Белата куќа има најголема моќ во светската политика – барем така се верува. Но, дали е навистина така? Овластувањата на претседателот на САД се ограничени. И други актери играат важна улога.
Фотографија: Klaus Aßmann
Така вели Уставот...
Претседателскиот мандат во САД трае четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, односно управува со извршната власт. Задача на претседателот е да ги спроведува законите изгласани од Конгресот. Претседателот како највисок дипломат може да прима странски амбасадори и на тој начин да признава држави.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој кого контролира?
Трите власти - законодавната, извршната и судската - се поделени и се контролираат меѓусебно. Претседателот има право да помилува осуденици и да ги назначува федералните судии, министрите во кабинетите и амбасадорите на САД - но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавната власт ги контролира активностите на извршната власт.
Фотографија: Klaus Aßmann
„State of the Union“
Американскиот претседател е должен редовно да го информира Конгресот за состојбата на државата. Тоа го прави ова во годишниот „говор за состојбата на нацијата“ („State of the Union“). Претседателот нема право да предлага закони на Конгресот, но за време на говорот може да наведе своите теми и приоритети. Со тоа тој може јавно да врши притисок врз Конгресот. Но, ништо повеќе од тоа.
Фотографија: Klaus Aßmann
Претседателско вето
Претседателот може да одбие да потпише закон донесен од Конгресот и тоа всушност неговото право на вето. Конгресот може да го отфрли претседателското вето само доколку обезбеди двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Во историјата на САД се познати 1.500 случаи на претседателски вета. Од нив, само 111 (7%), биле успешно надгласани.
Фотографија: Klaus Aßmann
Сива зона
Уставот на САД и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна слика за тоа колкава моќ има претседателот. Всушност, претседателот има право на уште еден вид вето, познато како "џебно вето". Под одредени услови, претседателот може одреден закон да со „стави во торба“ и со тоа тој станува неважечки. Овој тип на вето не може да биде надгласано во Конгресот. Овој трик бил користен скоро 1.000 пати.
Фотографија: Klaus Aßmann
Наредби со сила на закон
Претседателот на САД на членовите на владата може да им наметне одреден начин на однесување. Тој издава препораки, т.н „извршни наредби“ (Executive Orders), имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека на претседателот сè му е дозволено: судовите можат да ги поништат наредбите, Конгресот - да ги сопре со соодветни контра закони, а следниот претседател може да ги укине.
Фотографија: Klaus Aßmann
Конгрес...
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои потоа треба да бидат одобрени со мнозинство во Сенатот. Ова може да се избегне, ако наместо договор претседателот склучи еден вид меѓувладин договор т.е. „извршен договор“ (Executive Agreement). Ваквите договори се валидни се додека Конгресот не ги оспори или не ги укине со закон.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој може да објави војна?
Претседателот е врховен командант на вооружените сили на САД, но војна може да објавува само Конгресот. Сепак не е многу јасно колку војска смее да испраќа претседателот во вооружените конфликти без одобрение на Конгресот. По војната во Виетнам, Конгресот го усвои следново правило: претседателот може да ги користи надлежностите се додека Конгресот не ги оспори.
Фотографија: Klaus Aßmann
Ултимативна контрола
Ако претседателот ги надмине или злоупотреби овластувањата или изврши кривично дело, Претставничкиот дом, против него може да отпочне процедура за отстранување од должноста. Досега имало два такви обиди, но и двата завршиле несупешно. Сепак, постои многу ефикасен инструмент за да се сопре претседателското самоволие: тоа намалувањето на буџетот – што е во надлежност на Конгресот.
Фотографија: Klaus Aßmann
9 фотографии1 | 9
Потпалувачката реторика на Трамп е базирана на желбата за победа по секоја цена која не прифаќа критики и не знае за компромис. Додека тоа е проблематична диспозиција за една личност, истата е опасна која ја практикува претседателот на најмоќната држава во светот.
Никој веќе не му се смее на Трамп
Сето ова, се разбира, не е ништо ново. Но ние донекаде го нормализиравме однесувањето на Трамп откако ја започна претседателската кампања со говор во кој ги означи Мексиканците како „силувачи“ во летото 2015. Никој веќе не му се смее на Трамп.
Затоа што во кусите три години откако пристигна на политичката сцена тој успеа самостојно да ја претвори Републиканската партија во сопствена политичка борбена машина. А како последица, тој ги поттикна и продлабочи веќе постојните длабоки поделби во земјата до степен кој се сметаше за невозможен. Тоа што некој негов поддржувач - или кој било впрочем - би можел да ги интерпретира зборовите и однесувањето на претседателот како повик за насилство кон политичките ривали, не треба никого да изненадува.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis