1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистанските талибанци избраа нов водач

ЕМФ/дпа2 ноември 2013

Еден ден по смртта на лидерот на пакистанските талибанци, Хакимулах Мехсуд, кој загина во американски напад со беспилотно летало, екстремистите избраа нов водач.

Фотографија: Reuters

На собрание на Советот на Техрик-е-Талибан (ТТП) денеска (02.11.) за нов лидер на пакистанските талибанци е избран Кан Саид Сајна. Тој му бил близок соработник на основачот на ТТП, Бајтулах Мехсуд, кој беше убиен во 2009 година, исто така во напад со беспилотно летало.

Инаку, вчера убиениот Хакимулах Мехсуд (на фотографијата лево) и четворица други екстремисти, како што се вели од безбедносни кругови во Пакистан, се погребани на различни локации во регионот каде што е населено племето Мехсуд.

Американскиот напад во тој регион се случи непосредно пред планираниот почеток на мировни разговори на владата на Пакистан и ТТП. Министерот за внатрешни работи Али Кан изјави дека нападот со беспилотно летало е обид за „саботажа“ на разговорите. Министерот за информации Перваз Рашид нагласи дека пакистанската влада се залага и натаму за мировни разговори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми