1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан бара меѓународна помош

10 октомври 2005

По катастрофалниот земјотрес во Јужна Азија, кон зафатените подрачја тргнаа голем број спасувачки екипи од странство. Пакистанските власти побараа лекови и лекари што ќе можат да работат на самото место, како и хеликоптери за да може да се стигне до најоддалечените места. Размерите на катастрофата се уште не можат да се согледаат.

Помош стигнува од целиот свет
Помош стигнува од целиот светФотографија: AP

Иако е ангажирана и најтешка механизација се уште во многу места на спасувачките екипи им недостигаат струја и пред се лекови. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф со апел:

„Потребни ни се лекови и лекари што ќе можат да оперираат на самото место. Секако ни е потребна секоја друга помош, пред се шатори и кебиња„.

Портпаролката на УНИЦЕФ Јулија Спрај Левертон го познава подрачјето зафатено од катастрофата:

„Знам колку е тешко да се дојде до многу од местата. Хеликоптерите се од решавачка важност„.

Помош понудија или веќе ја остваруваат многу држави, меѓу нив и Германија која испрати 15 специјалисти. Во Исламабад стигнуваат и хеликоптери, а на барање од претседателот Мушараф, американската армија чии единици се стационирани во Авганистан испраќа пет транспортни и три борбени хеликоптери да помогнат во транспротирањето на спасувачите, на ранетите и на другата помош. Транспортите на лекови, кебиња, шатори и облека од УНИЦЕФ веќе се на пат кон планините. Спрај Левертон:

„Посебно се грижиме за децата кои се најзагрозени. Ноќите сега се студени, а децата и мајките се на отворено. Загубија се, немаат сместувалишта, немаат кебиња и сега тоа им го носиме како и пуловери и чизми„.

И во Кашмир ситуацијата е повеќе од алармантна:

„Повеќето луѓе се на отворено или се сместени во приземјата, подготвени да бегаат во случај на нов потрес„, објаснува овој човек од Кашмир. Земјотресот со јачина од 7,6 степени според рихтеровата скала е најтешкиот во последните 100 години во ова подрачје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми