1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан бара помош по земјотресот

11 октомври 2005

Размерите на несреќата сеуште се несогледливи,официјално само во Пакистан загинаа повеќе од 20 илјади луѓе,но властите стравуваат дека бројот е двојно поголем

Жртви на земјотресот во Пакистан
Жртви на земјотресот во ПакистанФотографија: AP

И по неколку дена од земјотресот со сила од 7,7 степени во Јужна Азија ,спасувачите успеваат да најдат уште некој преживеан. Како што јавуваат медиумите,војниците и британските специјалисти вчера вечерта од урнатините на една повеќекатница во пакистанскиот главен град Исламабад извлекле живи една жена и нејзината мала ќерка.И ноќеска траеја спасувачките операции.

Илјадници луѓе се на отворено,дел од нив повредени.Најмалку 120 илјади луѓе имаат итна потреба од заштита,јавуваат хуманитарните организации.Се проценува дека во земјотресот можеби четири милиони луѓе останаа без покрив над главата.Многумина од страв од нови потреси не се враќаат во домовите.Претставникот на меѓународната организација на Црвениот крст Џон Талох вели:

„Мораме што е можно поскоро да обезбедиме големи количини помош во поодалечените области. “

Од целиот свет и натаму продолжува подготвеноста да се помогне.

Важен е секој час,потенцираше генералниот секретар на ОН Кофи Анан.

Германскиот Бундесвер испрати 50 од стационираните војници во Авганистан кон Исламабад.Два германски транспортни хелихоптери се пренасочени од Казахстан во Пакистан,а во меѓувреме таму се испратени три авионски транспорти со помош,како и 15 специјалисти за техничка помош.

И САД му ветија на Пакистан:

„50 милиони долари се прва помош која претседателот Џорџ Буш сакаше да ја испрати итно уште пред да бидат познати целосно размерите на катастрофата“,изјави американскиот амбасадор Рајан Крокер.

ЕУ следните денови ќе стави на располагање 3,6 милиони евра,а започнуваат подготовките за помош во обновата.Светската банка најави 20 милиони долари кредит.

Пакистан побара што е можно поголема помош,обраќајќи се меѓу другите и до НАТО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми