Пакистан – Буто
10 ноември 2007Реклама
Лидерот на пакистанската опозиција и поранешен премиер Беназир Буто не се наоѓа повеќе во домашен притвор. Претставник на пакистанската полиција потврди дека мерката е укината. Беназир Буто вчера беше спречена да замине на закажаните големи демонстрации на опозицијата во градот Равалпинди. Околу нејзината куќа беше поставен бодликав тел, а куќата ја чуваа голем број специјалци.
Во меѓувреме државниот обвинител на Пакистан, Малик Мохамед Кајум најави дека вонредната состојба што ја воведе шефот на државата Первез Мушараф ќе биде укината за еден месец. Ограничувањето на елементарните човекови права наиде на остри критики од меѓународната заедница.