1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан: Напад врз едно прогонето малцинство

Сандра Петерсман / ЕМФ28 март 2016

Експлозивот во Лахоре бил полн со шајки и шрафови. На тој начин атентаторот сакал во смрт да однесе што повеќе луѓе. Одговорноста за нападот, наменет пред сѐ на христијаните, ја презеде отцепено крило на талибанците.

Фотографија: Getty Images/AFP/A. Ali

Очајните роднини сѐ уште трагаат по исчезнати лица. Бараат во болниците и мртовечниците. Една мајка, по многуте часови страв и неизвесност, е соочена со ужасниот факт дека нејзиниот син е меѓу луѓето кои атентаторот самоубиец вчеравечер ги однесе во смрт. „Зошто ми го зема детето? Зошто на внук ми му го зема таткото? Зошто?“ Прашањата остануваат.

Одговорност презеде отцепена талибанска група

Властите и натаму сметаат дека извршител на нападот е едно лице. Од безбедносни кругови се вели дека се пронајдени делови од телото на бомбашот самоубиец. Експлозивот кој атентаторот го носел околу појас бил направен со метални делови, како шрафови и шајки, за на тој начин да бидат убиени што поголем број луѓе.

Напаѓачот се разнесе на една од главните порти во близина на детско игралиште. Одговорност за нападот презеде отцепена група од талибанското движење. „Ние го извршивме нападот во Лахоре затоа што наша цел се христијаните“, изјави портпарол на „Џамат-ул-Ахрар“.

Политичар од „Муслиманската лига“ на премиерот Наваз Шариф на телевизија се обидуваше да покаже сила и увереност по терористичкиот напад. Владата и безбедносните сили се неуморни во нивните напори, сите билници се во состојба на аларм, изјави тој.

Вечерната експлозија во милионската метропола Лахоре погоди семејства кои беа собрани на пикник. Поради Велигден во паркот Гулшан-и-Икбал имаше особено многу христијански семејства. Христијаните чинат помалку од два процента од пакистанското население. И тие, исто како и останатите малцинства, се прогонувани.

Фотографија: Getty Images/AFP/A. Ali

Екстремизмот како општествен проблем

Пакистан е атомска сила и со години страда од религиозен екстремизам. Семоќната војска е соочена со обвинувања дека соработува со избрани терористички групи за да му наштети на смртниот непријател - Индија. Екстремизмот и теророт одамна се всадени длабоко во општеството.

Во декември 2014 година пакистанското талибанско движење нападна армиско училиште во Пешавар и притоа загинаа повеќе од 130 деца. По нападот армијата започна офанзива во пакистанко-авганистанското погранично подрачје кое служи како заолсниште за многу радикални групи.

Најголемиот број напади во Пакистан ги извршуваат радикални сунитски групи кои сакаат да го претворат Пакистан во Божја држава. Во исто време со нападот во Лахоре, повеќе илјади луѓе демонстрираа за поранешниот телохранител Мумтаз Кадри, кој уби гувернер кој се залагаше за прогонетото христијанско малцинство во Пакистан.

Кадри беше погубен со бесење минатиот месец, но многу исламисти го слават како национален херој. Полицијата употреби солзавец против неговите приврзаници кои од главниот армиски штаб во Равалпинди стигнаа во Исламабад.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми