Пакистан – обид за атентат
6 јули 2007Реклама
Пакистанскиот претседател Первез Мушараф преживеа уште еден обид за атентат. Според информации од пакистанските сили за безбедност непознати сторители стрелале врз авионот на претседателот. Нејасно е дали најновиот обид за атентат е поврзан со престрелките што веќе три дена се водат меѓи пакистанските сили за безбедност и забарикадираните исламисти во една џамија во градот Исламабад.