Пакистан – ослободен врховниот судија
20 јули 2007Реклама
Пакистанскиот врховен суд донесе одлука за враќање на функцијата на врховниот судија Ифтикар Чаундри, кој беше суспендиран од страна на претседателот Первез Мушараф. Судот одлучи дека одлуката на Мушараф била политички мотивирана. Чаундри важеше за жесток критичар на владата на Мушараф, која е соочена со сериозни безбедносни проблеми по судирите во Црвената Џамија во Исламабад. Само во последните три самоубиствени напади загинаа 50 луѓе, меѓу нив и голем број полицајци. Портпаролот на американскиот претседател, тони Сноу, не исклучи можност за американска помош на територија на Пакистан, кој важи за сојузник во борбата против тероризмот.