1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан ослободува талибанци од затвор

ЖА/дв/афп/ртре7 септември 2013

Пакистанската влада најави ослободување на седуммина високопозиционирани припадници на авганистанските талибанци кои со години спаѓаа во најбараните бунтовници на Хиндукуш.

Фотографија: AFP/Getty Images

Пакистанското министерство чекорот кој го презема го образложи како поттикнување на процесот на помирување во соседниот Авганистан. Седуммината Авганистанци се приклучуваат на групата од 26 талибанци-затвореници, кои веќе беа ослободени од затвор во текот на минатата година.

Меѓу овие затвореници е и воениот командант Мансур Дадулах, уапсен во 2008 година. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го посети Пакистан минатата недела (на насловната фотографија) и кај соседот ургираше за поддршка на планираните мировни преговори меѓу неговата влада и радикално-исламските бунтовници. Карзаи разговараше и со пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Тој очекува од Пакистан и тамошната влада да се потруди да ги разгледа можностите за разговори меѓу талибанците и т.н. Високиот мировен совет, изјави денеска Карзаи.

Знак на добра волја

Високиот мировен совет е тело кое е задолжено за почеток на преговори со талибанците. Негов претставник ја поздрави одлуката на Исламабад како знак на добра волја и градење доверба. Се надевам дека одлободувањето на талибанските борци ќе го унапредат националниот процес на помирување, изјави Исмаил Касимиар за агенцијата АФП.

Во меѓувреме, вооружени лица во североисточниот дел на Пакистан отвориле оган врз повеќе возила и убиле вкупно девет лица. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми