1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан – преоден премиер

15 ноември 2007

*

Пакистанскиот престедател Первез Мушараф именува преоден премиер на земјата. Според непотврдени информации, тоа треба да биде претседателот на горниот дом, Мохамадмијан Соморо, кој се смета за лојален на Мушараф. Тој ќе биде поставен на должноста утре и ќе биде на функцијата до 9 јануари за кога се предвидени парламентарни избори. Во меѓувреме, лидерката на опозицијата Беназир Буто ја одби молбата на американскиот конзул во Лахоре за соработка со Мушараф. Брајан Хант ја посети Буто во нејзината куќа каде што се наоѓа во домашен притвор. Претходно, таа и поранешниот премиер Наваз Шариф, кој живее во егзил во Саудиска Арабија, телефонски се договорија заеднички да работат врз соборувањето на Мушараф.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми