Пакистан - пролиферација на нуклеарна технологија
5 февруари 2004Реклама
Таткото на пакистанската атомска бомба Абдул Кадер Кан ја презеде и официјално одговорноста за предавањето на нуклераните тајни на трети држави. Владата во Исламабад не била информирана за неговите тајни зделки, појасни научникот во едно телевизиско обраќање. Според соопштенитето на владата, Кан во разговор во четири очи го замолил претседателот Первез Мушараф за помилување.
Пакистанската влада ќе расправа за барањето на Абдул Кадер Кан на денешната седница, соопшти вчера вечер висок претставник на владата во Исламабад. Конечното решение ќе го донесат претседателот и премиерот по советувањето со членовите на владиниот кабинет. Но, според извори од пакистанските тајни служби, веќе самиот факт што Кан поднел барање за помилување кај претседателот претставува индиција дека владата нема намера да го казни таткото на атомската бомба, кој ужива огромен углед во јавноста. Владата најверојатно на овој начин сака да одбегне и голем судски процес, кој би можел да открие соучесништво и на високи државни службеници и членови на армијата. Кан изјави дека претседателот Мушараф се однесувал при разговорот многу пријателски и со разбирање.
Поддршка за научникот дојде и од партиите на пакистанската опозиција, кои сметаат дека одговорните за недозволениот трансфер на нуклеарна технологија на држави како Иран, Либија и Северна Кореја седат повисоко во државниот врв. Исламистичката партија Ѓамат-е- Ислами за петок повика на масовни протести против однесувањето на владата кон Кан, кој во Пакистан се слави како национален херој, бидејќи ја создал првата атомска бомба во целиот муслимански свет.

Реклама