1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан уапси 10 припадници на Ал Каеда

14 јуни 2004

Меѓу уапсените, се наоѓа и бројот три во Ал Каеда, Масраб Аручи

Пакистанските власти, уапсија група од десет лица осомничени членови на терористичката Ал Каеда, меѓу кои се наоѓа и Масраб Аручи, внукот на Халид Шаик Мохамед кој се смета за број три во оваа терористичка организација.

Апсењето на десетмината, кои се сметаат одговорни за неодамнешниот обид за убиство на командантот на војската во Карачи Ахсан Сален Хајат, според министерот за полиција, Фејзал Салех Фајат, претставува голем чекор напред и удар врз мрежата на Ал Каеда. Пакистанските власти информираа, дека меѓу уапсените се наоѓа и еден од блиските соработници на Халид Шаик Мохамед, кој важи за еден од мозоците на терористичките напади од 11 септември 2001 во Њу Јорк.

Групата според министерот за полиција, била уапсена во две одделни акции во Карачи, при што кај нив е пронајдено големо количество оружје и експлозивни материи. При тоа кај Масраб Аручи се пронајдени и еден милион долари во кеш.

Според американските федерални власти, Халид Шаик Мохамед, кого пакистанците го уапсија во март минатата година, соработувал при собирањето информации за организацијата Ал Каеда и нејзините членови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми