Шпанецот Пако Алкасер ја спаси Борусија Дортмунд во мечот против Аугсбург и ја оддржа на врвот на табелата во Бундеслигата. Неговиот гол од слободен удар во последната минута од натпреварот, кој беше круна на неверојатниот хет-трик, ѝ донесе победа на Борусија против Аугсбург од 4:3. Алкасер- новиот херој на Дортмунд.