Премините во Газа под контрола на палестинските власти
1 ноември 2017Исламското движење Хамас, кое владее во појасот Газа, ѝ го предаде денеска на палестинската управа, која го контролира Западниот Брег, граничниот премин меѓу енклавата на брегот на Средоземното Море и Египет.
Потпишаниот договор за трансфер на одговорноста се смета за тест на палестинското помирување постигнато во минатиот месец меѓу исламистичкиот Хамас и секуларниот Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
На вториот контролен пункт меѓу Појасот Газа и Израел фотографот на Франс прес сведочел на отстранување на инсталациите на Хамас. На граничниот премин Рафа на египетската граница се истакнати палестински и египетски знамиња и голем број фотографии од палестинскиот претседател Махмуд Абас и од египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси.
Врз основа на договорот за помирување потпишан во Египет, палестинската управа, која е меѓународно призната и се смета за закана на незвисната палестинска држава, ќе ја презеде целосната контрола од Хамас во Газа до 1 декември.
Хамас на сила ја презеде власта во оваа густо населена палестинска територија, победувајќи ги силите лојални на ривалскиот, секуларен и умерен Фатах во јуни 2007 година. Трасферот на контрола се смета за тест на сериозност на помирувањето по многуте неуспешни обиди во текот на деценијата фатални недоразбирања. Тоа се смета, исто така, од суштинско значење за отстранување на блокадите кои на Појасот Газа му ги наметнаа Израел и Египет.