Палестинците подготвени за историскиот чекор
23 септември 2011Доколку Махмуд Абас сепак го поднесе барањето наспроти сите обиди на меѓународната заедница тоа да го спречи, тогаш генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе мора да им го поднесе барањето на сите членки на Советот за безбедност. Таму „за“ треба да гласаат најмалку девет од вкупно 15-те земји членки за тоа да биде проследено до Генералното собрание на гласање. При тоа би требало ниту една од петте земји со право на вето во Светот да не го блокира приемот. САД, меѓутоа, веќе најавија дека ќе стават вето на барањето на Палестинците.
Зад кулисите се‘ уште се прават обиди, пред се‘ од страна на Американците и Европејците, за одвраќање на Палестинците од нивната намера. Исходот од ваквите дипломатски напори е неизвесен. Израелските безбедносни сили се ставени во состојба на зголемена готовност. Поради можни безредија меѓу Палестинците и еврејските доселеници, засилување е испратено во Западниот брег, пишува израелскиот весник „Хаарец“. Сепак, конкретни знаци за планирано насилство нема.
Автор: ЕМФ/ГЧ/дв
Редактор: Борис Георгиевски