Палестинците ќе бараат членство во ОН
14 август 2011Палестинците на 20 септември ќе ја поднесат својата молба за полноправно членство во ОН, изјави палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики.
Претседателот на палестинската автономна власт Махмуд Абас документот ќе му го врачи на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на денот на отворањето на годинешната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, прецизира Малики, кој поднесувањето на молбата го оцени како „историски чекор“.
„Бан Ки-мун барањето ќе му го предаде на претседателот на Советот за безбедност, додаде палестинскиот шеф на дипломатијата, истакнувајќи дека палестинската автономна власт „сака молбата да ја поднесе во септември затоа што тогаш Либан ќе претседава со Советот за безбедност на ОН“.
Тоа ќе ни помогне затоа што улогата на претседателот на Советот за безбедност, кој има исклучителни права, е одлучувачка, забележа Малики.
Автор: БГ/миа
Редактор: Трајче Тосев