1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

190212 Panama-Kanal

27 февруари 2012

Панамскиот канал е една од најважните светски морски сообраќајници. Панама досега имаше добра заработувачка од каналот која сега сака да ја зголеми, во тек е негово проширување.

Панамскиот каналФотографија: AP

Панама- земја која поврзува два океана. Пред влезот во Панамскиот канал се среќаваат огромни бродови од целиот свет. Ова место е како „дупче во игла“ за глобалната трговија. Место на кое одлично се заработува. Панама меѓутоа сака поголем профит. Каналот се проширува за да можат да го користат и поголеми бродови. Инвестиција од неколку милијарди долари.

Земја на спротивности

За германските фирми шансите за заработувачка во проектот се минимални. „Бош“ за волја на вистината инвестирапе 35 милиони евра, но на проектот на проширување на каналот учествуваат главно шпански фирми:

„Важно е да се биде на лице место. И ние го увидовме тоа и научивме. Мораме да бидеме на лице место за да ги препознаеме деловните можности и потенцијали во регионот и во Панама“, вели регионалниот раководител на „Бош“ за Панама, Хелмут Обилшник.

Во Панама живеат околу 3,5 милиони луѓе. Тоа е земја на спротивности. Панама ја нарекуваат „Дубаи на Америка“.

Идеално место за инвеститори

Меѓународните концерни се привлечени од одлучната географска положба на земјата која на инвеститорите им нуди даночни олеснувања. И се’ повеќе фирми отвораат свои претставништва во Панама.

Шефот на германската дипломатија, Гидо Вестервеле (десно) во ПанамаФотографија: dapd

„Во Панама владее апсолутно внатрешно политичка сигурност, апсолутно стабилна е и валутата, тоа е американскиот долар, во Панама нема сериозни природни катастрофи. Земјата во споредба со соседите во суштина е идеално место за инвеститори!“, истакнува Кристине Гелнер де Меја од Германско-панамската трговска комора.

Градилиштето во Панамскиот залив неодамна го посети и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле. Тој притоа лобираше за германските фирми. Панама во минатата година забележи раст на брутодомашниот производ од девет насто. Во таа категорија Панама е број еден во цела Латинска Америка.

Автор: Катарина Крол/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми