1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пандев и со писмо се простил од репрезентацијата

БГ/миа23 ноември 2013

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека Горан Пандев со писмо ги информирал оти се откажува од натамошните настапи во националниот дрес. Од ФФМ велат дека ќе се обидат да го премислат

Фотографија: Petr Stojanovski

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев испратил допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во кој ги информира за неговата одлука да се повлече од националниот состав.

- На 14 ноември 2014 година, Фудбалската федерација на Македонија доби допис од Горан Пандев во кој се наведува дека тој решил „неповратно да се пензионира“ од националниот тим. Како причини за ваквата одлука ги наведува заморот од континуираните натпревари и желбата да направи место за нови играчи. Едновремено, се заблагодарува што му била дадена честа да го носи нацоналниот дрес и се надева дека ќе може да соработува со ФФМ во иднина со цел да им го пренесе своето искуство на новите генерации фудбалери, соопштуваат од федерацијата на нивната официјалната веб страна.

Од ФФМ се обиделе да стапат во директен телефонски контакт со Горан Пандев со цел уште еднаш да се обидат да го премислат.

- Горан Пандев е фудбалер со извонредни квалитети. Како долгогодишен капитен на македонската фудбалска репрезентација, тој е лидер и пример за помладите репрезентативци. ФФМ сака да верува дека неговата одлука не е конечна и дека тој и понатаму ќе го носи националниот дрес, особено доколку новиот селектор, кој треба да биде избран наскоро, процени дека учеството на Пандев е неопходно за градење на нов, победнички дух, изјавуваат од ФФМ.

Пандев е член на Наполи, а првично одлуката да се „пензионира“ од репрезентацијата ја соопшти по завршувањето на квалификацискиот циклус за СП на кој Македонија го освои последното место во групата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми