1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Печат: С. Македонија наскоро во групата земји со висок ризик

ЕМФ
20 август 2021

Германската влада има намера да ја стави Северна Македонија во групата земји со висок ризик од инфекција со коронавирус, пишуваат денеска весниците од медиумската групација „Функе“.

Nord Mazedonien Corona Impfung ohne Termin in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Според плановите на германската влада, наскоро во категоријата земји со висок ризик од корона би требало да се најдат уште неколку земји и региони, меѓу кои и Северна Македонија, јавуваат весниците од медиумската групација „Функе“. Како што тврди печатот, во групата со висок ризик ќе се најдат делови од Грција, вклучително и Крит, Јонските острови и јужниот Егеј, потоа делови од Ирска, како и Косово и Северна Македонија.

Истовремено, некои шпански региони, како Астурија, Каталонија или Канарските острови и Валенсија, кои сега важат за подрачја со висок ризик, би требало да се исклучат од оваа група. Освен тоа, од групата на региони каде што владеат варијанти на коронавирусот би требало да се извадат Бразил и Уругвај, тврдат весниците од „Функе“.

Оние кои во Германија доаѓаат од подрачја со визок ризик би морало да одат во десетдневен карантин. Тоа не важи за лицата кои се вакцинирани или имаат сертификат дека се оздравени. Доколку лицата имаат негативен тест, самоизолацијата може да биде прекината најрано по петтиот ден.

Повеќе:

ЕУ даде зелено светло за македонските сертификати за вакцинација против Ковид-19

Германија ги заостри мерките за влез на невакцинирани патници

За региони со висок ризик може да се прогласат подрачја каде бројот на инфицирани е особено голем во споредба со инциденцијата во Германија. Индиција притоа е седумдневна инциденција која е над 100. Покрај тоа, за региони со висок ризик може да се прогласат и подрачја каде според квантитативни и квалитативни критериуми (брзина на ширење на вирусот, висок број на хоспитализирани, низок број на тестирани, а притоа висок број позитивни или недоволно доверливи епидемиолошки податоци) може да се смета со опасен развој на заразата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми