„Пандемската“ Нова година почна - Нов Зеланд без рестрикции
ЖА / агенции
31 декември 2020
Додека останатите региони уште одбројуваат, во источниот дел на светот Новата 2021 година веќе почна. Секаде нејзиниот дочек е во знакот на коронавирусот, огнометот во Сиднеј помина без посетители.
Фотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance
Реклама
Во Новата година први влегоа жителите на пацифичките острови Самоа и Кирибати. Расположението, поради пандемијата на коронавирус и таму е поматено. Без оглед што на Кирибати досега немаше ни една единствена инфекција, а на Самоа првиот случај беше регистриран во средината на ноември, откажани беа сите јавни огномети, а на странски туристи засега не им е дозволена посета. Двете земји со загриженост влегуваат во годината, климатските промени им донесоа невремиња, бури и поплави – 3000 острови кои припаѓаат на Кирибати се борат против надоаѓање на водата, резултат на покаченото ниво на морињата.
Насекаде низ светот преминот во 2021 година се случува без вообичаените масовни собири и забави. Австралиската метропола Сиднеј годинава на пример го организира традиционалниот познат новогодишен огномет во редуцирана форма - во траење од неколку минути и без присуство на гледачи во пристаништето, каде обично се собираат до еден милион луѓе. Како мерка за одвраќање од присуство на граѓаните служеа казни од 1000 австралиски долари.
Нов Зеланд слави без поголеми ограничувања
Без подрастични рестрикции меѓутоа се слави на Нов Зеланд. Таму се одржуваат редица огнометни спектакли и поеќедневни музички фестивали. За разлика од останатите земји, островската држава во Јужен Пацифик повеќе од еден месец нема регистрирано ниеден нов случај на Ковид-19, па манифестациите може да се организираат без ограничување на бројот на посетители.
Влад Илич ви посакува Среќна Нова!
01:36
This browser does not support the video element.
Берлин испраќа неколку илјади полицајци во акција
Германија годинава забрани продажба на новогодишни ракети и петарди заради заштита на болниците од преоптовареност со евентуални повреди од пиротехнички средства. Во Берлин се подготвува масивна акција од 3.000 полицајци кои треба да ги контролираат зоните забранети за испалување ракети и петарди и интервенирање против илегални новогодишни забави.
Шефицата на берлинската полиција Барбара Словик порача: „Не се исплаќа доаѓање пред Бранденбуршката порта, просторот околу неа е блокиран во голем радиус". Таа апелира на разумот и совеста кај граѓаните и очекува тие да останат дома.
Каде да го гледате најубавиот огномет за Новогодишната ноќ?
Островската држава Самоа прва ќе влезе во 2020 година, а 24 часа новогодишното славје ќе започне и во Хаваи. Меѓу нив, бројни огномети ќе го распараат небото ширум светот.
Облечете се топло, затоа што огнометот во пристаништето на Монтреал е големо уживање. Секако нема да се почувствувате осамени покрај 70 илјади луѓе кои секоја година уживаат во настанот секоја година. За да се загреете, можете да продолжите во некој од бројните клубови во канадската метропола.
Иако исламската Нова Година се слави дури на 20 август, во Дубаи ве очекува неверојатно уживање и во јануари. На плажа, во некој луксузен ризорт, или било каде во градот, загарантиран ви е добар поглед кон огнометите. Тоа е најголемото пиротехничко шоу во регионот, а се случува симултано на стотици локации во градот.
Фотографија: Getty Images/AFP/M.Naamani
Рио де Жанеиро
Во Бразил за Нова година? Апсолутно! На Копакабана на полноќ е особено романтично: огнометите го осветлуваат морето, а луѓето фрлаат цвеќиња и палат свеќи. Забавите на плажите се во ритамот на самбата. Оние кои носат бела облека- како што прават Бразилците- ќе имаат среќа и мир целата година.
Забавата станува класика за љубителите на новогодишните журки. Традиционално повеќе од еден милион луѓе се собираат пред Бранденбуршката порта на прославата. Долго откако ќе завршат огнометите забавата продолжува во безбројните клубови и дискотеки во градот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen
Лондон
Традицијата не е за фрлање: Новата година започнува со звонот на Биг Бен, а потоа започнува огнометот на Темза. Оние кои сакаат најдобар поглед на спектаклот треба да се упатат кон Лондонското око, најголемото панорамско тркало во Европа. Но внимавајте, многу тешко се доаѓа до карти.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Mcnaughton
Прага
Огнометот кој се лансира од околните ридови ги осветлува златните кровови на чешкиот главен град. Адетот кај Чесите е да се пресече јаболко на половина- доколку семките формираат ѕвезда- годината ќе биде добра. Но доколку ви се прикаже крст, подобро пресечете уште едно јаболко.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Fluger
Madrid
На Пуерта дел Сол, главниот плоштад во историскиот центар, секогаш има голема забава. Покрај пенливо вино, донесете си и грозје на забавата. Обичајот во Шпанија е да се јаде по едно зрно за секој удар на камбаната на полноќ. Паровите можат и меѓусебно да се хранат. Тоа носи среќа во новата година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Cuevas
Женева
Доколку се одлучите да си го проветрите паричникот малку повеќе, швајцарскиот град ви нуди прекрасен поглед на огнометот со чаша шампањ од некој брод на Женевското езеро. Опкружувањето е многу романтично затоа што бреговите се осветлени со уметнички инсталации.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Di Nolfi
8 фотографии1 | 8
Поздрави „од горе"
Двајцата руски астронаути од Меѓународната вселенска станица ИСС на луѓето на Земјата им испратија видеопораки со честитки за Новата година. „2020 година беше тест за планетата. Но, докажано е дека секоја пандемија е немоќна ако човештвото се обедини во она што за нас е најважно – животот", вели Сергеј Ружков во видеото кое го објави руската вселенска служба Роскосмос.
16 пати Нова година – во еден ден
Неговиот колега Сергеј Куд-Свертшков потсетува дека ова е 20. пат што космонаутите во ИСС доживуваат премин во нова година на станицата. Во моментов на најистурената надворешна база на човештвото – Меѓународната вселенска станица – се наоѓаат седум астронаути. Бидејќи ИСС оваа година во новогодишната ноќ 16 пати ќе ја обиколи Земјата, посадата 16 пати ќе стартува во Новата година.