1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

ПАОК против Шалке... и Македонија?

БГ
16 февруари 2017

Наелектризирана атмосфера, можни нереди и голема замолница: не носете македонски знамиња. Фудбалскиот клуб Шалке се подготвува за двомечот со грчкиот ПАОК во Лига Европа. Сеќавањата на 2013 се длабоко врежани.

Polizeieinsatz im Schalke-Fanblock
Фотографија: picture-alliance/dpa

Големи тензии во Германија во пресрет на дуелот од фудбалската Лига Европа меѓу грчкиот ПАОК од Солун и Шалке од Гелзенкирхен. Но, причините не се фудбалски, туку политички. Неколку медиуми, меѓу кои и влијателниот „Зиддојче цајтунг,“ предупредуваат од можни нови судири меѓу навивачите на двата клуба, овојпат во Солун, каде вечерва се игра натпреварот. Причината, повторно, блиската поврзаност на навивачите на Шалке со фановите на скопски Вардар и нивната навика да ги провоцираат грчките навивачи со македонски знамиња.

Приказната има своја предисторија. Во 2013 година двата клуба, Шалке и ПАОК се сретнаа во квалификациите за Лигата на Шампионите во Гелзенкирхен. Навивачите на Шалке на својата трибина го истакнаа македонското знаме што, наводно, ги разлутило гостинските грчки навивачи. Интервенираше полицијата, имаше над 80 повредени и уапсени меѓу навивачите на Шалке. Приказната стигна на насловните страници на германскиот печат. Многумина се чудеа на објаснувањето на полицијата дека интервенцијата била резултат на проценката дека „знамето ширело омраза“. Имаше и остри критики на полициското однесување, но и анализи на долгогодишниот спор меѓу двете балкански земји.

Проблемот денеска повторно се актуелизира. „Зиддојче цајтунг“ на оваа тема денеска пишува:

(...) „И онака зовриената безбедносна состојба е уште покомплицирана поради политичките аспекти. Пријателството на ултрасите на Шалке со навивачите на еден клуб од главниот град на непожелниот грчки сосед Македонија носи нови проблеми. И реваншот закажан за следната среда  во Гелзенкирхен веќе прогласен од претседателката на полицијата во Гелзенкирхен за 'меч од висок ризик'“.

(...)„Во Солун, навивачите на Шалке нема да можат да се сретнат со своите македонски пријатели, оддалечени само 240 километри. На македонските државјани им е забранет влез на стадионот. Навивачките групи на Шалке ја критикуваат забраната како 'расистичка', и бараат од нивниот клуб да вложи жалба. Но таму (во раководството на клубот Шалке, н.з.)  се плашат дека одредени навивачи би можеле да бидат предизвикани на симболични акции со опасни последици“, пишува „Зиддојче цајтунг“.

Судир меѓу навивачите на Шалке и полицијата на 21 август 2013 година поради истакнувањето на македонското знамеФотографија: Getty Images

Поширока анализа на истата тема објавува и специјализираното онлајн фудбалско издание „Вестлајн“.

(...) „За четврток (16.02) проблемите се предпрограмирани. Во едно соопштение на Ултрасите на Шалке се наведува дека ПАОК ќе им забрани влез на сите лица со македонски пасош. Од Шалке соопштија дека 'носењето на навивачки реквизити на Вардар Скопје или македонски знамиња' е целосно забрането“.
(...)„Точни ли се тврдењата дека на македонските фанови им е забранет влез? 'Не', велат од УЕФА во одговор на 'Вестлајн'. Од страна на ПАОК било потврдено дека 'нема да има посебни контроли' за гледачи со македонски пасош. Но, неодговорено останува прашањето, дали одредени знамиња или навивачки реквизити ќе бидат дозволени“.

Весникот наведува дека управата на Шалке веќе побарала од своите навивачи да не се провоцираат гостинските навивачи ни на реваншот во Гелзенкирхен, следната недела:

(...)„Навивачите на Шалке се молат на стадионот да не внесуваат ништо што би можело да ги разлути гостинските навивачи на ПАОК“, пишува „Вестлајн“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми