Папата: Да се помолиме за Македонија
1 мај 2017Реклама
Папата Франциско, поглаварот на Римокатоличката црква, во неделното обраќање пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, повика на молитва и за сериозната политичка состојба во Македија по насилните настани во македонскиот парламент во минатата недела. Папата инаку поопширно зборуваше за ситуацијата во Венецуела, барајќи конечно да се стави крај на тамошното насилство и земјата да ја надмине тешката хуманитарна, социјална, политичка и економска криза, која го исцрпува народот. Папата изрази загриженост поради големиот број загинати и ранети луѓе во Венецуела.