1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата им ги изми нозете на тешки престапници

ЖА
14 април 2017

Во еден од најдобро чуваните италијански затвори, папата Франциско на Велики Четврток им ги изми нозете на тешки криминалци.

Italien Papst - Fußwaschung im Gefängnis
Фотографија: picture-alliance/AP/L'Osservatore Romano

Папата Франциско на Велики Четврток служеше миса во капелата на еден од најдобро чуваните затвори во Италија. Тој им ги изми нозете на 12 затвореници, еден Аргентинец, еден Албанец и десетмина Италијанци, од кои двајца се тешки престапници. Во затворот се сместени 70 затвореници, главно поранешни мафијаши, кои се откажале од криминалната организација и соработуваат со правосудството.

Фотографија: picture-alliance/AP/L'Osservatore Romano

Исус им ги миел нозете на своите апостоли пред последната вечера, за да им покаже дека ги сака до крај, им порачал папата притоа на затворениците, исто како што и тој ги сака своите верници. „Сите ние правиме или сме направиле грешки“, изјави папата претходно во интервју за италијанскиот весник „Република“, истакнувајќи дека ни затворениците не заслужуваат да бидат отфрлени и сметани само за лица кои згрешиле. „Често се заборава дека сите ние сме грешници и затвореници, без да сне свесни за тоа. Оној кој е затворен во своите предрасуди, не прави во суштина ништо друго, освен што се затвора во теснотијата на келијата на индивидуализмот“, изјави папата. 

Папата им ги изми нозете на затвореници

00:37

This browser does not support the video element.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми