1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата: Политичарите да служат на праведноста и мирот

22 септември 2011

Поканата да зборува во Бундестагот е политичко оддавање признание за улогата на Ватикан како партнер во меѓународната заедница, оцени папата Бенедикт 16 во говорот пред пратениците.

Папата Бенедикт Шеснаесетти во БундестаготФотографија: dapd

Папата ја нагласи одговорноста на секој политичар за праведноста и за мирот. „Клучно мерило или причина за работата како политичар не смее да биде успехот, а уште помалку материјалната добивка“, рече папата. Успехот, според него, мора му биде подреден на мерилото за праведност. „Да му служи на правото и да се спротивставува на владеењето на неправото е и останува основна задача на политичарот“, истакна папата. Тој не се осврна директно на биоетичките дебати за истражувањата со матични клетки и за преимплантантна дијагностика, но нагласи дека од политичарите и научниците посебно се бара да ги преиспитаат своите решенија и од морален аспект. Бенедикт им оддаде признание на борците на отпорот против нацистичките и другите тоталитарни режими, а го пофали и еколошкото движење.

Фотографија: dapd

Ламерт побара надминување на поделбата на Црквата

Пред настапот на папата, претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт, во поздравното обраќање, побара да и’ се стави крај на речиси петвековната поделба на црквата. Многу луѓе во Германија, не само ангажираните католици и протестанти, го сметаат опстојувањето на црковната поделба како повреда на нивните религиозни чувства, истакна Ламерс и побара токму во понтификатот на еден германски папа, прв по Реформацијата, не само да биде натамошно искажана определба за екумена, туку и да биде направен забележлив чекор за надминување на поделбата на црквата, рече Ламерс.

Тој укажа на одвоеноста на државата од црквата, како прогресивно цивилизациско постигнување.

Фотографија: picture alliance/dpa

Настапот на папата во Бундестагот е нарушување на тој, во уставот утврден принцип, сметаат десетици пратеници. Околу 80 пратеници го бојкотираа говорот на поглаварот на католичката црква.

За време на говорот на Бенедикт 16 во центарот на Берлин повеќе илјади луѓе демонстрираа против посетата на папата. Предвидено е протестна поворка да помине покрај споменикот на убиените хомосексуалци и лезбејки во вр емето на националсоцијализмот, како и покрај споменикот на холокаустот.

Автор: ЗЈ/ЖА/дпа/афп/ртре

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми