1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата порача: Верата да се пренесе „до сите краеви на светот“

БГ/миа20 април 2014

Во бдеењето во пресрет на велигденските празнувања Папата Франциско ги повика верниците одново да ги откријат корените на нивната вера.

Фотографија: Reuters

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско синоќа на велигденското бдеење во базиликата Свети Петар крсти десетина луѓе и од нив побара својата вера да ја носат „до сите краеви на светот“. Папата Франциско го почна бдеењето така што во темната Базилика влезе со една запалена свеќа, со која потоа ги палеше свеќите на останатите верници и на тој начин се‘ повеќе се осветлуваше црквата. Со тој симболичен чин се одбележува тагата на верниците поради распетието на Исус Христос на Велики Петок, како и нивната радост поради неговото воскресение на Велигден. Папата од свештениците, бискупите, кардиналите и верниците собрани на синоќешната служба побара да се сетат кога првпат ја откриле својата вера.

„Дали јас се сеќавам на тоа? Дали тоа сум го заборавил? Побарајте ја верата и ќе ја најдете. Господ ве чека“, рече папата Франциско.

„Обидот за присетување не е носталгија, туку начин силите на верата да се допрат до сите луѓe, до сите краеви на светот“, истакна папата Франциско.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми