1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата со осуда на нападите во Шри Ланка

ЕМФ /агенции
21 април 2019

Папата Франциско ги осуди нападите во Шри Ланка и во велигденската порака рече дека се работи за „тешки атентати, кои токму денеска, на Велигден, донесоа смрт и болка во некои цркви и други собирни места во Шри Ланка“.

Vatikan Ostermesse
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Pinto

Велигденската миса на плоштадот Свети Петар, на која според информации од Ватикан имало околу 70.000 луѓе, денеска се одвиваше со зајакнати мерки за безбедност.

Папата Франциско го даде својот традиционален велигденски благослов „Урби ет орби“. Во својата порака тој побара смирување на големиот број конфликти во светот и ја критикуваше „трката во вооружување“. Освен тоа, папата побара помош за луѓето кои се во нужда, за мигрантите и бегалците. Треба „да се отворат срцата за потребите на луѓето на кои им е неопходна помош, за беспомошните, за сиромашните, невработените, изолираните, како и за оние кои бараат леб, прибежиште и признание на нивното достоинство“, побара поглаварот на Римокатоличката црква.

По нападите во Шри Ланка реагираа и првите луѓе на католичката и евангелистичката црква во Германија.

„И најстрашното насилство нема да не’ натера да капитулираме пред омразата“, напиша на Фејсбук претседателот на Советот на евангелистичката црква во Германија, Хајнрих Бедфорд-Штром.

Повеќе:Кој стои зад нападите во Шри Ланка?

Првиот човек на Германската бискупска конференција, кардиналот Рајнхард Маркс, им изрази сочувтсво на роднините на жртвите и во писмо до претседавачот со Бискупската конференција во Шри Ланка, Џулијан Винстон Фернандо, напиша: „Овој бран слепо насилство врз целото население на Шри Ланка на Велигден, кое погоди и многу гости од странство, а пред се’ црквата, не’ остави без зборови.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми