1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоКанада

Папата Франциско во извинувачка мисија во Канада

ЖА / Тагесшау | агенции
25 јули 2022

Папата Франциско, без оглед на лошото здравје, допатува во Канада, за да побара прошка за она што соработници на Католичката црква им го направиле на илјадници деца на автохтоните жители во Канада.

Kanada | Papst Franziskus Besuch in Kanada
Фотографија: Nathan Denette/dpa/The Canadian Press/AP/picture alliance

Папата Франциско во текот на престојот во Канада ќе биде коннфронтиран со страшното минато на неговата црква. Тој за почеток директно се обраќа на канадското староседелско население во Масквацис, односно „„Брегот на мечките“, како што местото се нарекува на јазикот на автохтониот народ Кре.

Тоа е прво обраќање на папата кон канадското домородно население. Масквацис се наоѓа на околу 100 километри јужно од Едмонтон, а потоа Франциско ќе се помоли на локалните гробишта.

Посетата на папата, како што изјави самиот за време на летот кон Канада, е „пат на покорност“. Се очекува  поглаварот на Римо-католичката црква да замоли за прошка  за сѐ она што припадници и вработени на Црквата им го направиле на децата на канадските автохтони жители.

„Само почеток“

„Извинувањето на Католичката црква ѝ дава прилика да ги поправи односите со домородните луѓе во светот“, изјави Големиот поглавица Џорџ Арканд Јуниор пред доаѓањето на папата Франциско во Канада. „Нема да се остане на ова, има многу работа. Ова е само почеток“, додаде тој.

Од средината на 19. век деца од домородни семејства биле присилно одвојувани од нивните блиски и сместувани во т.н. резиденцијални школи, со цел за „прилагодување“ на културата на европските доселеници.

Во интернатите организирани и финансирани од канадската држава, главно на брутален начин, биле правени обиди за превоспитување на децата од домородната популација. Често тие биле и злоставувани, многу од нив умреле, не ретко поради неухранетост. Во голем дел со интернатите управувале католички заедници, а во Масквацис се наоѓало големо училиште.

Исплата на обештетување

Злоставувањето на деца  од страна на свештеници и припадници на Католичката црква во Канада се одвивало со децении. Шокантните податоци за размерите и бруталноста на злоупотребите предизвикаа големо меѓународно внимание, откако експерти пред нешто повеќе од една година открија анонимни гробови на деца.

Канадската влада веќе призна физичко  злоставување и насилство  во училиштата за децата на домородците, а тогашниот премиер Стивен Харпер во 2008 година и официјално замоли за прошка. Владата ипслати милијарди долари обештетување на заедниците на домородното население.

Една канадска комисија во 2015. година и од папата побара формално извинување и тоа на канадско тло. Откако лани беа пронајдени посмртни останки на деца на подрачјето на едно бившо училиште во кандската покраина Британска Колумбија, Ватикан покрена постапка за реализација на тоа барање. 

Шестдневна посета

Во текот на шестдневниот престој во Канада, Франциско во повеќе наврати ќе се сретне со претставници на кандските староседелци. Освен тоа, 85-годишниот папа ќе одржи и две големи свети миси, а ќе учествува и во традиционален аџилак во Лек Сент-Ен.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми