1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата Франциско размислува да отпатува во завојуваниот Киев

ЖА / агенции
2 април 2022

Папата Франциско ја осуди војната во Украина, но избегна директна критика на Русија и на нејзиниот претседател Владимир Путин.

Papst Franziskus in Malta
Фотографија: Darrin Zammit Lupi/REUTERS

На почетокот од својата посета на Малта, поглаварот на Римокатоличката црква во главниот град Валета изјави дека од истокот на Европа стигна „мракот на војната“. Повторно „одделни моќни поединци“ разгоруваат конфликти. Но, папата Франциско, како и во претходни прилики, не ги спомена поименично  Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин.

„Мислевме дека инвазијата врз други земји, бруталните улични борби и  атомската закана  се мрачни сеќавања на далечно минато. Но, ледениот ветар на војната, кој донесува само  смрт, уништување и омраза  со себе, се надвисна над животот на многу луѓе“, изјави папата. Жално е да се гледа како одделни моќни поединци напредуваат во потрага по територии и зони на влијание, истакна  папата Франциско.

Тој денеска пристигна во дводневна посета на Малта, најмалата членка на ЕУ. Една од неговите главни теми е  односот кон бегалците,  за чија судбина посебно се интересира и ангажира. „Проширувањето на страдањата на мигрантите, притоа да се помисли само на бегалците од Украина, од нас бара сѐопфатни, заеднички одговори. Не е можно целиот товар притоа да се стави на грбот на одделни држави, додека други земји остануваат целосно рамнодушни“, потенцираше Франциско. 

Пред патувањето во Малта, папата во Ром се сретна со бројни семејства избегални од војната во Украина. При летот кон Малта ги потврди своите размислувања да го посети Киев. На прашање на новинар во авионот, папата одговорил: „Да, тоа е опција која е присутна“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми