Папа – 80 роденден
15 април 2007Реклама
Папата Бенедикт 16-ти денеска со голема миса на плоштадот на Свети Петар во Рим ќе го прослави 80-тиот роденден. На свеченоста се очекуваат голем број кардинали и бискупи од целиот свет. Денеска треба да биде објавена и книгата на Папата со наслов „Исус од Назарет„. Претседавачот на бискупската конференција на Германија, кардиналот Карл Леман, ја означи книгата како подарок за сите верници:
„Кога некој Папа пишува книга, а не само збирка од проповеди што ги одржал, и тоа уште на тема Исус од Назарет, тогаш тоа е само по себе голем настан. Папата ни ја подарува за неговиот 80-ти роденден.„