Папуљас: Сe‘ додека Скопје инсистира на „македонизам“ нема во НАТО и ЕУ
18 јуни 2013![](https://static.dw.com/image/15962618_800.webp)
Ваквиот став грчкиот претседател го изнесе во интервју за српскиот весник Политика.
„Прашањето за името останува нерешено долги години. Обединетите нации одлучија да не ја прифатат оваа земја под нејзиното уставно име, признавајќи го така легитимитетот на грчкото противење. Изминатите години, грчката страна направи значајни чекори за да се пронајде заедничка почва во рамките на преговарачкиот процес под покровителство на ОН за името на државата. Според резолуцијата на Советот за безбедност, тоа име нема да биде само за меѓународна или делумна употреба, тоа ќе биде име со географска одредница за севкупна употреба“, вели Папуљас.
Според него, Грција го направила тоа што било до неа. Земјата сега очекува „Поранешната Југословенска Република Македонија да се откаже од своите постојани непопустливи позиции и да го помине она растојание кое и’ припаѓа, за да се најде дефинитивно решение“.