1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Париз: Потрага по пари и идеи за заштита на климата

ЖА / агенции
12 декември 2017

Заштитниците на климата се среќаваат во Париз во потрага по начин за финасирање на еколошки проекти, ослободување од јагленот и другите фосилни горива. На самитот е најавено присуство на повеќемина државници.

Frankreich One Planet Summit in Paris Macron mit Kim und Guterres
Францускиот претседател Емануел Макрон со генералниот секретар на Он Антонио Гутереш и претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким на самитот за климата во ПаризФотографија: Getty Images/AFP/P. Wojazer

Точно две години по Париската климатска конференција и усвојувањето на договорот против глобалното затоплување, францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на преку 50 шефови на држави или влади и околу 4.000 делегати, кои имаат за цел светските напори за заштита на климата да ги придвижат чекор нанапред. Организатори на еднодневната средба, која се одржува на остров на реката Сена во западниот дел од француската метропола, се Франција, ООН и Светската банка.

Содржински, во фокусот на самитот пред сѐ е финансирањето на климатски проекти и јакнење на локални и регионални иницијативи. Уште од вчера претставниците на финансиската бранша во француското министерство за стопанство се советуваа на каков начин да се натераат светските финансиери да почнат да инвестираат во „зелена енергија” и да ги поддржат земјите од југот на планетата што најмногу страдаат од промените на климата.

Со оглед на тоа што индустриските земји, од аспект на екологистите и хуманитарните организации, со години ставаат на располагање премалку пари, и францускиот претседател Макрон сега се обраќа кон приватни финансиски извори, на пример според моделот на Фондацијата Бил Гејтс, но и низа старт ап претпријатија кои од заштитата на климата можат да направат пари.

Повеќе на оваа тема:

Со ситни чекори против промената на климата

Климатски циркус

Делегацијата на САД исмеана на климатската конференција

На „One Planet Summit" во Париз, САД се претставени само на амбасадорско ниво.

Во пресрет на самитот, Макрон им додели истражувачки стипендии на 13 американски климатолози. Намерата му е унапредување на нивните проекти, како и да им овозможи на научниците пообемна и побрза научна истражувачка работа во Франција, или како што рече тој: „Целта е нашата планета повторно да ја направиме величенствена“. Со доделувањето стипендии Макрон всушност испраќа и сигнал против политиката на САД, кои според желбата на претседателот Доналд Трамп, сакаат да истапат од Парискиот климатски договор. И листата на гостите од САД може да се толкува како анти-Трамп регистар: основачот на Мајкрософт-Бил Гејтс, ек-гувернерот на Калифорнија-Арнолд Шварценегер, актерот Леонардо Ди Каприо и поранешниот градоначалник на Њујорк - Мајкл Блумберг. Сите тие, за разлика од Трамп, се ангажираат за заштита на климата.

Во Париз не доаѓаат лидерите на најголемите загадувачи, покрај САД тоа се Кина, Индија, Канада, тие ќе бидат претставени на министерско ниво.

Според проценките, за запирање на затоплувањето на светот му се потребни 90 милијарди долари до 2030 година.

Во 2015 година во Париз меѓународната заедница се согласи дека температурата на планетата треба да се задржи под критичното ниво од плус 2 степени споредено со прединдустрискиот период. Но, државите не ги остваруваат обврските преземени во договорот, па така температурата во моментов е зголемена за 3 степени.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми