Не е изненадување што американскиот претседател сега објави откажување од Парискиот договор за заштита на климата. Во исто време, меѓународната заштита на климата е постабилна отколку што очекуваа некои, вели Јанс Турау.
Реклама
Ова е повторно фронтовска позиција, каква што милуваат многу медиуми: Од една страна, научниците сè позасилено предупредуваат од последиците од климатските промени, стотици илјади млади луѓе ширум светот излегуваат на улиците и бараат да се случи нешто конечно. А од друга страна стојат игнорантни државници како американскиот претседател, кои го бранат стариот, фосилен свет и нивните профити. Национализмот и популизмот, исто така, го спречуваат светот навистина да работи заедно за да ги намали емисиите на штетни гасови. Зарем Чиле не мораше да ја откаже организацијата на годишната конференција за климатски промени на ООН, бидејќи, поради немирите во земјата, не може повеќе да се гарантира безбедна средба со илјадници луѓе?
187 од 193 држави го прифатија договорот
Да, сето тоа е точно, но изненадувачки брзо, во Мадрид беше пронајден градот кој влета како замена за главниот град на Чиле, Сантијаго. И Доналд Трамп уште пред околу две и пол години најави дека ќе излезе од Парискиот договор, така што актуелниот чекор повеќе не е вистинско изненадување. Наспроти тоа, помалку внимание се посветува на фактот дека 187 од 193 земји-членки на ООН сега го прифатија договорот, неодамна и Русија. Исто така, како реакција на Трамповото „не“ за заштитата од климатските промени, Франција и Кина сакаат сосема целно да усвојат изјава дека целите на Парискиот договор од 2015 година се „неповратни“.
Договорот за климата на Париз не е доволен. Дали неговите одредби навистина ќе доведат до ограничување на зголемувањето на температурата на земјата во просек, на два, или уште подобро на 1,5 степени, не е сигурно. Но, во услови на сѐ похистерична дебата низ целиот свет за заштитата на климата, тоа е потсетник дека оваа меѓународна рамка сè уште постои. Напредокот на годишните состаноци за климата често може да биде минимален, па дури и да има и назадувања. Но, тоа не може да биде поинаку во обидот да се помират интересите на речиси сите држави на планетата.
На заштитата на климата не ѝ се помага ако се распламтува дебатата за тоа кој најдобро го прави тоа, или дали климатските промени воопшто постојат. Возбуденоста, најверојатно, ќе биде од полза на десничарските популисти, кои покрај отфрлањето на миграцијата, тоа Не за климатските промени го форсираат како нивна голема тема.
7 необични последици на климатските промени
Климата се менува и предизвикува да се случат некои необични нешта - како промена на полот на младенчињата кај животните. Еве некои од најнеочекуваните начини на кои климатските промени ќе влијаат врз животот на Земјата:
Фотографија: picture-alliance/dpa
Внимавајте: медуза бум!
Иако има многубројни фактори зад големиот број медузи кои стигнуваат до туристичките одморалишта, на пример на брегот на Средоземното Море, климатските промени, исто така, се делумно виновни за тоа. Потоплите температури на морињата отвораат нови области во кои медузите може да се размножуваат, и ја зголемуваат достапноста на нивната омилена храна: планктонот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Совршеното дрво исчезува
Ценети поради нивниот супериорен квалитет на звукот, оригинална Страдивариус виолина може да се продаде за милиони долари. Но, екстремните временски појави убиваат милиони дрва, доведувајќи го во опасност прочуеното дрво во шумата Паневеџо, во северна Италија. Засадувањето дрвја нема да помогне многу на кус рок. Една смрека треба да биде најмалку 150 години стара пред да стане виолина.
Фотографија: Angelo van Schaik
Заборавете на спиењето
Во многу жешките ноќи луѓето спијат полошо, особено во големите градови. До 2050 година во европските метрополи температурите на лето може да бидат повисоки за 3,5 степени. Тоа не само што влијае на спиењето, туку и на расположението, продуктивноста и менталното здравје. Единствениот начин да се избегне тоа е преселба во помали места, каде ноќите се поладни со помалку згради и повеќе зеленило.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R.K. Singh
Извинете за носот
Пролетта започнува порано поради глобално повисоките температури - лоши вести за оние кои страдаат од алергија. Со подолга сезона без мраз, растенијата имаат повеќе време да растат, да цветаат и да произведуваат полен. Затоа поленот слободно ќе си лета многу порано, што ќе ја направи сезоната подолга за оние кои имаат алергија. Дали тоа ќе биде век на маски против загадување на воздухот и алергии?
Топлината не само што прави да се потиме туку и влијае на нашето здравје. До крајот на векот се очекува 3/4 од светското население да биде изложено на смртоносни топлотни бранови. Растот на температурите значи и раст на стомачните заболувања, бидејќи е полесно бактериите да се размножуваат во топла храна и вода. И бројот на комарци веројатно ќе се зголеми заедно со други болести како маларијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schulze
Куќите се распаѓаат
Почвата во регионот околу Северниот пол засилено се топи во летните месеци, со драматични локални и глобални последици. Високите температури предизвикуваат подовите да станат нестабилни, а куќите и патиштата да попуштаат. Освен тоа, ако се стопи „вечниот мраз“ на Арктикот - ќе се ослободат CO2 и метан гасови што дополнително можат да го влошат глобалното затоплување. Тоа е злокобен круг.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Antonov
Машко или женско? Прашајте ги климатските промени
Температурата дури може да влијае и на полот на неколку видови животни. За морските желки, топлината на песокот каде што се положуваат јајцата го одредува полот на новороденчето. Ниските температури се подобни за машките желки, повисоките за женките. Истражувачите открија дека во мрестилиштата за желки во северна Австралија веќе сега над 99% се женки, што е голем проблем за преживување на видот.
Фотографија: Imago/Nature Picture Library
7 фотографии1 | 7
И во иднина компромиси се неопходни
Доналд Трамп ги презира меѓународните договори - и тоа не само за ефектот на стаклена градина. Младите демонстранти бараат брзи промени. Би било фатално ако позициите на обете страни би довеле до тоа, луѓето да сметаат дека напорно постигнатите компромиси повеќе не се соодветни.
Бунтот на младите луѓе против неактивноста на нивните родители е исправен и важен, бидејќи тој го зголемува притисокот врз одговорните, помалку колебливо да се зафатат со работа и конечно да донесат непопуларни решенија. Фронтовските позиции како: Доналд Трамп, негативецот од една страна, Грета Тунберг, климатската активистка од друга страна, не се многу корисни. Останува фактот дека меѓународната заштита на климата е многу комплексна работа, за која во моментов во секој случај има малку алтернативи. Наострен противник на заштитата на климата како Трамп е едноставно ирелевантен за овој процес.
Во трка со топењето на глечерите
Не само што се еколошки важни, туку глечерите претставуваат и архива на историјата на климата. Во Австрија научниците се обидуваат што поскоро да ги проучат, пред да се стопат.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Убави, загрозени...
Со снег покриени планини ја опколуваат Горска долина во западна Австрија. Тамошните алпски глечери реагираат посебно чувствително на промената на климата и се топат побрзо од останатите. Нивното значење не е само еколошко.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
... и полни со информации
Глечерите истовремено претставуваат и леден архив. Во нив се содржани информации за климата во изминатите столетија. Андреа Фишер, научник која ги истражува глечерите, со години со својот тим ги проучува податоците.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Работа на терен
Научниците продираат длабоко во мразот на глечерите. Тие имаат подигнато базна станица на Белиот врв, висок 3.526 метри, во студот и снегот. Навистина студена професија!
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Тунел во минатото
Во внатрешноста на глечерот научниците трагаат по стар мраз. Нов не наоѓаат, зашто е веќе стопен. „Се наоѓаме отприлика кај 1920 година. Остатокот е веќе загубен, се` од 1920 наваму“, вели Андреа Фишер од Институтот за инстердисциплинарни геолошки истражувања во Инсбрук.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Стар мраз - стара клима
Фишер смета дека мразот може да е стар меѓу 3.000 и 5.000 години. Тој содржи пред се` детални информации околу врнежите. Овде е компресиран со векови стар снег, а слично како и кај прстените на стеблата на дрвјата, може да се идентификува снегот таложен од година во година.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Екстремна густина на податоците
Научниците од Инсбрук продупчиле до дното на глечерот, за да земат проби од мразот. Долните слоеви се со поголема густина од горните, што значи еден метар мраз во себе може да содржи податоци од илјадници години. „Но, немаме многу време на располагање“, вели Фишер. Глечерот наскоро може да се стопи.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Со тешка механизација
Еколошкиот физичар Паскал Болебер од австрискиот Институт за интердисциплинарни геолошки истражувања со моторна пила пресекува проба од мраз од глечерот Шауфелфернер. Пробите со хеликоптери се транспортираат во лабораторија.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Утврдување старост со инфрацрвени ласери
А колку е стар мразот? Тоа се одредува во лабораторија со помош на ласери со инфрацрвени зраци. Научниците го екстрахираат гасот аргон од воздушните меурчиња настанати во мразот. Преку концентрацијата на аргон можат да ја одредат староста на воздухот и со тоа и староста на мразот.
Фотографија: Reuters/L. Niesner
Трка со времето
Бидејќи глечерите се топат се` побрзо, на научниците не им останува многу време за собирање на податоци. Притоа, тие податоци се екстремно важни за истражувачите на климата.