1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Зимбабве

31 март 2005

Во Зимбабве денеска се одржуваат парламенарни избори. Шефот на државата Роберт Мугабе, чија партија веќе 25 години е на власт, вети дека тие ќе бидат фер и демократски. Изборната кампања, за раѕлика од проитисоците врз опозицијата на иѕминатите изборни процеси, мина изненадувачки мирно, но сепак има тврдења за изборни манупулации.

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе
Претседателот на Зимбабве, Роберт МугабеФотографија: AP

Гласачките места во јужноафриканската држава денеска се отворени за 6 милиони граѓани со право на глас. Изборите се одржуваат под будно око на меѓународните набљудувачи со цел да се утврди дали ќе бидат легитимни, или како и изминатите, ќе бидат проследени со насилства и малверзации.

81- годишниот претседател Мугабе, чија партија ЗАНУ се натпреварува со опозициското движење за демократски промени, се надева на изборна победа, но групите за човекови права, и покрај тоа што изборната кампања мина мирно,тврдат дека гласањето не е фер и слободно, бидејќи има податоци дека илјадници имиња на веќе починати луѓе се на избирачките списоци, оти многу луѓе се сосила натерани да гласаат, а многу сиромашни се поткупени со помош во храна.

Додека опозиоцијата тврди дека изборите за 120 места во парламентот во Хараре се наместени, претседателот Роберт Мугабе, игра со друг адут. Тој ја водеше земјата кога таа се ослободи од британскиот колонијализам и стана независна и сега тврди дека опозицијата има договор со британскиот премиер Тони Блер за реколонизација на земјата. Опозициските претствници, пак, одговараат дека овие парламентарни избори во Зимбабве не се за Блер, туку за да се обезбеди храна и работа за граѓаните, чиј животен стандард драстично опадна во 2000 година, кога Мугабе лансираше, за многумина, неуспешни реформи во земјоделието.

,, Минавме низ петгодишен пекол. Наши членови беа малтретирани и убивани, но кога во јануари решивме да учествуваме на изборите, видовме огромен ентуѕијаѕам кај електорат“ , изјави опозицискиот претставник Давид Коултард, кој претендира да стане иден министер за правда.

За да победи на овие избори, на движењето за демократски промени му требаат да освои 76 пратенички места, за разлика од партијата на Мугабе на која и требаат само 46 пратеници за изборните комбинаторики со кои ќе обезбеди мнозинство во парламентот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми