1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во услови на војна

Роман Гончаренко/БГ26 октомври 2014

И покрај тоа што во источна Украина сѐ уште се пука, во земјата се гласа за нов парламент. На тој начин ќе заврши и мандатот на владата која беше избрана по насилните протести. Победникот може да се насети

Фотографија: DW/Halyna Stadnyk

Околу 25 илјади војници кои се на должност во источна Украина нема да можат да земат учество на неделните парламентарни избори од формални причини. Парламентот во Киев не успеа да донесе закон со кој им овозможи да гласаат надвор од нивното место на живеење. Министерот за одбрана изјави дека тој, и неговите војници, се разочарани.

И жителите на анектираниот од Русија полуостров Крим нема да можат да гласаат. Слична е состојбата и во регионите на Доњецк и Луханск кои се под контрола на сепаратистите. Во најмалку 13 од 32-те општини, таму нема да се гласа. Од тие причини, новиот парламент нема да брои 450 пратеници, како досега, туку 420.

Порошенко е неприкосновен

На изборите учествуваат 29 партии. Победникот е познат веќе со месеци: Петро Порошенко. Коалицијата на претседателот на државата „Блокот на Порошенко“, води според анкетите, и се прогнозира дека ќе освои меѓу 20 и 30 проценти од гласовите. Успехот е дотолку поголем што коалицијата беше формирана во август годинава врз основа на партијата на Порошенко „Солидарност“, но и таа функционира само на хартија, затоа што досега немаше ниту еден пратеник во парламентот. За Порошенко овие избори се од извонредно значење. Согласно Уставот, парламентот и владата имаат поголема моќ од претседателот. Целта на Порошенко е да обезбеди парламентарно мнозинство кои ќе го поддржува.

Порошенко не успеа да го привлече во својата коалиција и актуелниот премиер Арсениј Јацењук. Наместо Јацењук, коалицијата на шефот на државата ја предводи поранешниот светски првак во бокс и градоначалник на Киев, Витали Кличко.

Силата на Блокот на Порошенко е комбинација од повеќе фактори, вели Виктор Самјатин од киевскиот Расумков- центар за економски и политички студии. „Многу гласачи го поврзуваат Порошенко со мирно решение на конфликтот во источна Украина. И неговата реформска програма „Стратегија 2020“ има голема поддршка, затоа што се ветува влез на Украина во ЕУ“.

Страв од десните радикали

Но, во исто време и одлуката на Порошенко да им даде поголема автономија на сепаратистите во источна Украина е предмет на критики. За „капитулација“ во прв ред зборува Олег Љашко, лидер на десно-радикалната Радикална партија. Љашко се претставува како бескомпромисен патриот и според анкетите на изборите може да го освои второто место со околу 10 отсто освоени гласови.

Петро ПорошенкоФотографија: SERGEI SUPINSKY/AFP/Getty Images

„Денешните гласачи на Љашко во 2012 година гласаа за националистичката партија Свобода“, вели експертот Самјатин. Но местото на Свобода, како и на про-фашистичкиот Десен сектор, во новиот парламент е големо прашање, затоа што и двете ќе се мачат да го минат прагот од 5 проценти. Партијата на Љашко делумно се разликува од овие две радикални партии. „Тој е класичен популист“, вели Самјатин.

Како противник на Порошенко се позиционираше и поранешната премиерка Јулија Тимошенко со нејзината партија Татковина. Таа не може да се надева дека ќе го повтори успехот од 2012 година, кога нејзината партија на изборите ја предводеше Арсениј Јацењук. Во меѓувреме се разделија и со Јацењук, па тој на изборите ќе настапи со сопствената партија Народен фронт.

Кој ќе гласа за проруските партии?

Голем губитник на изборите можат да бидат приврзениците на насилно урнатиот проруски претседател Виктор Јанукович. Најголемиот дел од нив се собраа во Опозицискиот блок, но големо прашање е дали ќе го исполнат цензусот за влез во парламентот. Најголемиот дел од нивните гласачи живеат во Крим и во источна Украина, општини во кои нема да се гласа. Истото важи и за комунистите.

Едно нешто е во секој случај јасно: во новиот парламент ќе има прозападно мнозинство. Но, надежите за подобра иднина не се големи. „На овие избори досега немаше вистински натпревар на идеи и програми“, вели Самјатин. Критичарите велат дека преку системот на директни мандати во парламентот повторно ќе влезат корумпирани политичари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми