1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот на ЕУ се залага за разбивање на Гугл

Бернд Ригерт/ З.Јордановски 27 ноември 2014

Гугл доминира на пазарот во Европа. Тоа им пречи на многумина европарламентарци. Тие бараат подобри правила за дигиталниот единствен внатрешен пазар на ЕУ. Не се заканува разбивањена интернет-гигантот.

Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Името на интернет-гигантот Гугл воопшто не се појавува во текстот на поднесената предлог-резолуција на Европскиот парламент, но сите знаат на кого се мисли. Во предлог-резолуцијата се бара во ЕУ пребарувачките машини со монополска позиција да бидат одвоени од комерцијалните понуди и услуги од истото претпријатие. Меѓу авторите на предлогот е и европратеникот Андреас Шваб (ЦДУ), адвокат од Баден Виртемберг. Шваб не бара директно разбивање американскиот концерн Гугл во поситни делови. „Има многубројни други проблеми на европскиот дигитален пазар“, вели тој за ДВ. Пазарот е премногу расцепкан, за бизнисот во интернет има 28 од земја до земја различни правила, смета Шваб и бара: „Мора да биде создаден терен за игра со исти правила за сите“. Тогаш не ќе можат толку едноставно да настануваат и да дејствуваат монополи како Гугл. Во некои земји на ЕУ Гугл кај пребарувачките машини има пазарен удел од 90 проценти.

Пиратите ја отфрлааат резолуцијата за Гугл

Резолуцијата на Европскиот парламент има за цел дигиталниот пазар да го направи поповолен за корисниците. Но, треба да профитираат и претпријатија, како германските издавачи на весници. Тие одамна се борат против тоа, Гугл да користи и објавува нивни содржини, без тие да можат да остварат приходи од тоа. Сојузната влада има намера за медиумските претпријатија да воведе регулатива за нивна заштита во интернет. Изворот на преземените содржини треба да биде заштитен и обесштетен. Европратеничката Јулија Реда од партијата Пирати го одбива тоа и нема да даде согласност за резолуцијата на ЕП. „Тоа е прилично проѕирен обид на германските демохристијани за воведување заштитна регулатива за медиумските издавачки куќи. Тоа е некој вид ’Гугл-данок‘ за содржините. Германскиот еврокомесар Гинтер Етингер веќе им најави на германските издавачи дека има таква намера. Затоа таа резолуција, иако во неа има и по нешто добро, е релативно бесмислена“, рече Јулија Реда за ДВ.

Јулија Реда од редовите на Пиратите е против резолуцијаФотографија: DW/B. Riegert

Истрагата против Гугл досега без епилог

Комисијата на ЕУ веќе 4 години води истрага против интернет-концернот Гугл, оти 20 негови конкуренти се пожалиле поради наводните нефер практики при покажувањето на резултатите од пребарувањето. Гугл прво ги покажува своите сопствени понуди и многу подолу понудите од своите конкуренти. Претходната Комисија на ЕУ сакаше да постигне взаемна согласност со Гугл, но таквиот обид пропадна. Сега Маргрете Вестагер, новата еврокомесарка за конкурентско право, сака да ја турка постапката. Европратеникот Андреас Шваб има уште многу критички прашања за Гугл. Резолуцијата на парламентот е некој вид политичка подршка за Комисијата на ЕУ и треба да предизвика поголем политички притисок, вели Шваб.

Христијанодемократот Шваб се залага за резолуција за ГуглФотографија: picture alliance/AP/Geert Vanden Wijngaert

Резултат на постапката би можело да биде разбивање на концернот, но според Шваб „нејасно е дали тоа навистина би било добро решение, дали тоа би опстојало и на суд и потоа навистина би можело да биде спроведено“. Парламентот на ЕУ не може ни да донесе решение за разбивање на Гугл, ниту да донесе закони за регулирање на дигиталниот пазар. Смислата на резолуцијата, која треба да биде усвоена денеска (четврток, 27. ноември) е само искажување на политичка волја.

„Монополот не е најитниот проблем“

Андрус, Ансип, надлежниот потпретседател на Комисијата на ЕУ, во дебатата во Европарламентот рече дека треба многу точно да се проверат и да се дискутира за пребарувачките машини и нивната испреплетеност со разни други понуди во интернет. Комисијата на ЕУ, според него, нема што да приговори против резолуцијата на парламентот; заедничка цел е дигитален единствен внатрешен пазар на Унијата.

Деловните практики и можниот монопол на Гугл воопшто и не се централен проблем, смета европратеничката Јулија Реда. Принципиелно треба да се поздрави натамошниот развој на конкурентското право, но според неа многу поважно е зафаќањето со прашањето дека Гугл избегнува плаќање данок во Европа. „Во областа на интернетот има многу транснационални концерни кои избегнуваат какво било плаќање данок, оти ние немаме усогласено даночно право на ЕУ“, вели Реда. Во Луксембург и други европски држави е вообичаено добивките на претпријатија како Гугл или Амазон минимално да се оданочуваат. Реда во разговорот за ДВ побара од Комисијата на ЕУ да се заложи за укинување на можностите за избегнување плаќање на данок. Шансите се побргу минимални, оти таквите даночни спогодби биле склучени во време кога Жан-Клод Јункер беше премиер на Луксембург. Тој во меѓувреме е претседател на Комисијата на ЕУ. Против Луксембург се води поспатка за можно давање илегална помош кај даночните работи. Јункер опстојува на тоа дека во Луксембург се’ било направено според правото и законите.

Центарот за меморирање на податоци на Гугл во ОклахомаФотографија: picture-alliance/dpa
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми