1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот распуштен, Џафери се извини за грешката

БГ
17 февруари 2020

Спикерот на парламентот Талат Џафери денеска ја одржа последната прес-конференција откако во неделата беше распуштено Собранието. Демантира дека имало грешки во процедурите.

Mazedonien | Neuer Parlamentspräsident kann Amt nicht antreten | Parlamentspräsident Talat Xhaferi
Фотографија: picture-alliance/AA/B. Ademi

При гласањето на законите за Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители се случиле ненамерни грешки, а не процедурални пропусти, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, правејќи рекапитулар на својата тригодишна работа.

„Да, јас згрешив, не е крај на свеот ако кажам дека згрешив. Во три години и јас имам право на грешка“, рече Џафери, објаснувајќи дека Законот за Советот на јавни обвинители всушност и не требало да се носи со бадентерово мнозинство, како што тој претходно рече на седницата.

Најмногу врева во јавноста се крена во однос на носењето на Законот за Јавно обвинителство. Џафери го повтори гласањето откако во првиот обид „за“ законот гласаа 74 пратеници, но нивни колеги се пожалија оти гласот не им бил евидентиран. Во повтореното гласање, законот го доби потребното мнозинство од 80 пратеници.

„Законот за ЈО е донесен во соодветна процедура и доколку на лице место се утврди дека пратениците се внатре и регаираат дека не го оствариле своето право, моја обврска е да ја поништам постапка за да овозможам да ја изразат својата волја. Од таа причина јас го поништив гласањето и овозможив повторено гласање“, рече Џафери.

На начинот на кој беа изгласани двата закони во неделата реагираа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот лидер Христијан Мицкоски веќе најави дека законот ќе биде оспорен пред судовите.

Спикерот Џафери вчера го потпиша и решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми