1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиски конгрес на зелените

Nina Werkhäuser25 ноември 2007

Германските зелени на партискиот конгрес во Нирнберг, денеска дискутираат за внатрешната безбедност и граѓанските права. Во фокусот на вчерашните дебати беа социјалните системи во земјата и нивната иднина.

Фотографија: AP

Еден наспроти друг, на конгресот беа претставени два модели - еден основен приход кој ќе го добиваат сите и соодветно основно осигурување за луѓето на кои тоа им е најпотребно. Дебатата во себе криеше и најмногу материјал за експлозија, зашто партиското раководство и делови од базата на конгресот дојдоа со сосема различни ставови по ова прашање.

Партиското раководство си посакуваше стручна дебата. И, ја доби - делегатите дискутираа страсно околу социјалната политика, без притоа да се отворат нови јазови во рамки на партијата. Зелените се единствени по прашањето на помошта за невработени, која во сегашната форма не е прифатлива. Повеќе пари, повеќе поттик, помалку шиканирање од страна на властите - околу тоа се согласија сите делегати. Но, фундаментално спротивни се моделите кои произлегоа од ваквата критика - на една страна е основното осигурување за луѓето кои имаат потреба од социјални услуги, а на друга безусловната основица од 420 евра месечно за сите граѓани. Основица за сите? Големиот број застапници на основицата за сите, вака аргументираат: “Со основицата сакаме да допреме до сите луѓе, и до оние кои поради срам, незнаење или затоа што им е компликувано, досега не поднесле барање за основно осигурување, односно финансиска помош од државата. Во Германија има многу сокриена сиромаштија и само со основица која ќе им се исплаќа на сите би можеле да допреме до овие луѓе.“ Така вели Франк Петерс. Со оглед на тоа што во иднина во Германија и натаму нема да има доволно работа за сите, невработените не смеат да се омаловажуваат како молители, аргументираат делегати како Беате Милер Гемеке: “Ако не сме убедени дека во блиска иднина ќе ни‘ успее повторно на сите луѓе да им обезбедиме работа од која ќе можат да живеат, тогаш треба да престанеме во нашите концепти обезбедувањето на егзистенцијата и уделот во општествениот живот да ги поврзуваме со вработување и конечно треба да се откажеме од санкции.“
Членовите на претседателството на зелените, Рот и БитикоферФотографија: AP

За основица за сите - нема пари

Основен приход од 420 евра месечно за сите не може да се финансира, велат противниците, како што е пратеничката Катрин Геринг Екард. Државата треба најпрво да им даде пари на оние на кои најмногу им се потребни: “Први мора да бидат најслабите во општеството, најпрво мора да им помогнеме на оние кои се на маргините. Јас тоа го подразбирам под поимот социјална праведност и зелена социјална политика, драги пријатели.“
Мнозинството од делегатите на крајот се одлучи за втората варијанта - за основно осигурување само за најслабите членови на општеството. Дел од вкавиот концепт, кој има поддршка на партиското раководство, се и поголеми инвестиции во образовниот систем и згрижување на децата.


►◄

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми