Партиски конрес на Зелените
10 април 2005Зелените за својот мал партиски конгрес сосема свесно го одбраа местото во кое јасно се гледаат проблемите на земјата. 26% од жителите на Гелзенкирхен се без работа. Лошата состојба неможе да се сокрие со грандиозната спортска арена на фудбалскиот клуб Шалке 04, во чии сали за прес конференции се одржува конгресот на Зелените. Оваа партија очигледно се обидува пред одржување на парламентарните избори виои Сверена Рајна Вестфалија да го поправи она што може да се поправи.
Испитувањето на јавното мислење покажува дека зелените се со лоши шанси. На сојузно ниво СПД и Зелените се борат со последиците од аферата околу издавањето визи и невработеноста. Главнаа тема на 80 делегати на конгресот е „ Како со спој на екологија и економија да се создадат повеќе работни места„. Шефицата на партијата, Клаудија Рот вели:
„ Ветерот силно ни дува во лице, но ние нема да се повлечеме. Нема да ги одбегнуваме расправите. Нашиот настап ќе биде офанзивен. Ние по традиција водиме конструктивни расправи„
Зелените пред кратко време беа на удар на политичките противници и коментатори во весниците, кои им упатуваа критики од типот дека лошите времиња не се за луксузни теми како што е заштитата на животната средина. Зелените сосема сбвесно се спротивставуваат на таа теза бидејќи сметаат дека работите во иднина ќе се создаваат во доменот на заштитата на околината, науката и услужните дејности и дека тоа ќе ја извади Германија од криза.
Сојузниот министер за надворешни работи Јошка Фишер сака да се ослободи од притисокот на кои веќе со недели е изложен заради аферата со визите. Фишеровото мото гласи: Грешките се направени, но отворањето на границите е исправно насочено кон иднината:
„ Секој знае дека имаме 5,2 милиони невработени, но нам ни е познато дека во иднина ќе ни биде неопходно доселување на луѓе. Притоа морта да се искорени илегалното доселување. Тоа што ми пречи и ме лути во дебатите, се моите сопствени грешки. Неможе серизоно да се тврди дека моите грешки се виновни и за невработеноста во оваа земја. Против тоа мора решително да настапиме„
Партиите од Унијата во моментов, во Северна Рајна Вестфалија се во предност за околу 10% пред СПД и Зелените. Затоа малиот партиски конгрес на зелените, пред се има за цел уште еднаш да ги обедини сите сили, во последните шет недели пред изборите. Според Фишер и Рот сеуште не е се одлучено. Фишер сака да собере поени со сведочењето пред парламентарната комисија за аферата со издавањето визи, која е закажана за 25 Април. Во секој случај СПД и Зелените не смеат да си дозволат конфронтација во изборната кампања.
Последнава констатација сигурно беше упатена на адреса на премиерот на Северна Рајна Вестфалија, Пеер Штајнбрук од редовите на СПД, кој изјави дека по изборите од 22 Мај, во покраината се замисливи и други коалиции, не само Црвено-Зелената.