1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партнерите на Меркел се‘ погласно бараат исфрлање на Грција од еврозоната

ЕМФ/дв/дпа25 август 2012

ЦСУ, помалиот коалиционен партнер во владата во Берлин, со се‘ погласни барања за излез на Грција од еврозоната. Тука ништо не промени ни посетата на грчкиот премиер Самарас на Германија.

---
Фотографија: Igor Ostapchuk - Fotolia

„Според мое убедување неизбежно е излегување на Грција од еврозоната“, вели за „Билд ам Зонтаг“ генералниот секретар на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Александер Добринт. Тој предвидува дека Грција нема да припаѓа на монетарната унија веќе во 2013. година. Пред околу една недела министерот за финансии на покраината Баварија, Маркус Зедер (ЦСУ) побара Грција да биде пример, односно на примерот на Грција еврозоната да покаже заби. „Германците веќе не можат да бидат мајстори на плаќање за Грција“, изјави Зедер.

Добринт додава дека откако Грција би излегла од еврозоната, таа мора да смета на европската солидарност, односно „мора да има Маршалов план за обнова на земјата“. „Кога Грција би ја зголемила својата конкурентност, мора да постои можност за нејзино враќање во еврозоната“, нагласува Добринт.

Александер Добринт, генерален секретар на ЦСУФотографија: dapd

На ваквите изјави на Добринт остро се спротивставува либералот Гидо Вестервеле од ФДП, партијата која исто така е партнер во владината коалиција. Вестервеле остро ја критикува ЦСУ поради постојаните барања за излез на Грција од еврозоната. „Погрешно е да се носи оценка за Грција без доволно факти, односно пред да биде објавен извештајот на Тројката“, рече министерот за надворешни работи, додавајќи: „Мобингот против одделни евро-земји поради партискополитички калкулации мора да престане“. Инаку, партискиот колега на Вестервеле и министер за економија, Филип Реслер, неодамна рече дека излегувањето на Грција од еврозоната веќе не е работа која плаши.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми