1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Партнери за мир“ - нов интернет весник за мир на Блискиот исток

16 август 2005

Додека мировниот процес на Блискиот исток веќе со години тапка во место, Изралеците, Палестинците, Еѓипќаните и Јорданците преку нов интернет весник се обидуваат да воспостават дијалог. „Партнери за мир“ се вика платформата, која пренесува актулени податоци и анлаизи за меѓусебните односи.

Деца, симпатизери на Хамас
Деца, симпатизери на ХамасФотографија: AP

Со средби на уредниците, како на крајот на мај во јорданоскиот главен град Аман, а потоа и во Ерусалим, единственото регионално мировно движење се залага и поддржува мировен дијалог на народите.

Така наречената Копенхашка група беше родена во 1995 година, кога се сретнаа изралески и египетски интелектуалци, политичари и публицисти, на иницијатива на поранешниот главен уредник на данскиот весник „Политикен“ , Херберт Пундик но и по покана на данското министерство за надворешни работи. Средбата требаше да му даде топли импулси на студениот мир меѓу двете држави.

По убиствотот на Јицак Рабин и изборната победа на десно – националистичкиот Ликуд блок на парламентрарните избори во Израел на крајот на 1996 година, дијалогот беше проширен и за Пакистанците и Јорданците.

На почетокот на годинава на интернет беше лансиран нов весник со финансиска поддршка на данското министерство за надворешни работи. „Немаме амбиции за вообичаен весник , бидејќи немаме средства за тоа и бидејќи нашите партнери имаат проблеми со слобдата на мислење“ рече Пундик.

Творците на новиот интернет весник во никој случај не сакаат да дојде до непријатности со владите. Бидејќи сите читатели развираат англиски, уредниците се откажаа од превод на хебрејски или арапски. Нема ниту заеднички прилози, бидејќи секое регионално биро е одговорно за известувањето од земјата.

Во прилозите до израз треба да дојде вољата за мир, вели издавачот Шломо Гал. „Досега дневно не користат 500 интернет читатели, а сакаме да привлечеме илјадници.“ вели Гал.

Четири уредници од Египет, Јордан, Палестина и Израел – ги надополнуваат вестите од локалните медиуми со коментари. Извештаите за приближување и дијалог се дополнуваат со извештаи за конфликти и проблеми, каде в предвид се зема и позицијата на Хамас која постоењето на Израел го става под знак прашалник.

Секојдневно канцеларијата во Израел ги информира читателите, на пример за интересите на минстерот за одбрана Шаул Мофас, три градови од Западниот брег да им се предадат на Палестинците уште пред почетокот на повлекувањето на населбите. Предуслов е палестинските власти да го соберат оружјето од милитантите лица.

Египет информира за новиот израелски амбасадор во Каиро, за престојното стационирање на египетските трупи, за да се овозможи изралексото повлекување.

Од Јордан читателите дознаваат дека на пример се зголемил извозот од изралско - јорданската слободна трговска зона.

Најмалку за една тема се чини дека се единствени сите читатели на весникот – и Изралеците и Арапите. 85 проценти од нив се залагаат за враќање на преговарачка маса – без подготовки. Само што мора да се согласат и нивните сонародници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми