Патешествието ги води бегалците од Аквариус во Шпанија
12 јуни 2018Преку 600 мигранти кои се наоѓаат на бродот Аквариус во Средоземното море конечно ќе можат да се префрлат на италијански бродови кои ќе ги одвезат до Валенсија во Шпанија, земјата која ги прифати откако беа одбиени од Италија и од Малта.
На бродот се наоѓаат 629 мигранти кои се спасени кај либанскиот брег. Ги спаси бродот Аквариус на невладината организација СОС Медитеране.
Организацијата СОС Медитеране напиша на Твитер дека еден италијански брод ќе достави денес храна до Аквариус и оти подоцна се планира мигрантите да се префрлат до Шпанија со италијански бродови.
Италија и Малта викендов го одбија барањето бродот да пристигне на нивниот брег.
Бродот Аквариус 3 години крстари кај брегот на Либија и спасува мигранти и главно ги превезува до Италија.
Меѓутоа, минатиот викенд новиот италијански миниситер за надворешни работи и лидер на екстремно-десничарската Лега, Матео Салвини, го одби барањето бродот да пристигне во Италија.
Шпанија вчера понуди да ги прими мигрантите, но организацијата СОС Медитеране оцени дека безбедносните услови не се добри да ги одвезе до Шпанија. Малта испрати храна и други потребни работи во текот на ноќта.
Локалните официјални лица на Корзика, исто така, рано утрото понудија да го прифатат бродот во едно пристаниште на овој француски остров доколку не можат да стигнат до Шпанија.
Италија, која од 2013 година прими 700.000 мигранти, редовно ги обвинува Европејците оти ја вртат главата и дека ја оставиле сама да ја решава мигрантската криза.
Салвини во предизборната кампања зборуваше оти ќе ги затвори границите за мигрантите и предупреди дека кога ќе дојде на власт ќе стори сѐ да го спречи доаѓањето на мигранти во Италија, посебно кога тоа ќе го бараат невладините организации кои патролираат со своите бродови кај Либија.