Патики како инвестиција
Патиките одамна не се само обични спортски обувки. Тие се’ повеќе се претвораат во статусен симбол. Зошто е добро во моментов да се инвестира во патики, погледнете во галеријата:
Патики како инвестиција
Што да се прави со парите? Некој ги чува под перница, друг ги носи во банка, трет купува акции. И, тука се уште и колекционерите. Не, не на поштенски марки, туку на патики. Тоа е апсолутно „ин“!
Џордан 1 „Чикаго“
Ги носеше Мајкл Џордан во 1985 година, а во мај годинава беа продадени на аукција за 560.000 американски долари. Тоа е досега највисоката цена платена за еден пар патики. Досегашен рекордер беа патиките на „Најки“ - „Мун Шу“ кои беа купени за 437.500 долари од канадскиот колекционер Мајлс Надал.
Нов тренд: индивидуализирани патики по нарачка
Од пред извесно време фановите на патики се многу загреани за индивидуализирање на спортските обвуки. Побарувачката по модели на кои има цртежи е голема и им отвора можност за профитабилен бизнис на многу млади претприемачи.
Уметност
Патиките одамна не се само обични спортски обувки. Тие се’ повеќе се претвораат во статусен симбол. Со нив се занимаваат и многу уметници. Патиките со уметничка нота се исто така лимитирани и се вистински уметнички дела, па може да се најдат и во многу музеи и аукциски куќи.
Соработка за да се зголеми страста на фановите
Производителите на патики ги создаваат своите модели во соработка со други фирми производители на облека, како и со познати личности и дизајнери. На тој начин настануваат цели колекции, како Адидас со раперот Канје Вест (Yeezy) или Најки со кошаркарската легенда Мајкл Џордан (Air Jordan). Целта и тука гласи: ексклузивност. Ефектот од тоа - расцутен пазар на препродажба.
Стартап откри нов сегмент на пазарот
Стартап фирмата StockX беше основана во 2015 година и во меѓувреме е водечка веб-страница за купување и продажба на патики и облека на пазарот за препродажба. Во јуни 2019 година фирмата достигна вредност од една милијарда американски долари.
Чекање со часови
Копнежот по најнови и најексклузивни патики е толку голем, што фановите со часови чекаат пред продавниците за да го купат својот омилен модел. Луѓето од цел свет патуваат до различни продажни места, со ризик да останат со празни раце. Само најупорните и најтрпеливите на крајот имаат успех.
Патики од дисконт
Дисконтот Лидл во октомври минатата година извади патики со количество лимитирано на 400 пара. Она што првично беше замислено како априлска шега, стана вистински хит за колекционерите. Ексклузивните патики во меѓувреме се препродаваат за по 400 евра. За оние на кои не им се даваат толку пари: во онлајн-продавницата на Лидл патиките можат да се купат за под 20 евра, но без црвениот приврзок.
Колекционери на патики
Патиките во меѓувреме се станати омилена инвестиција. Има колекционери кои поседуваат патики кои чинат многу илјади евра. Особено омилени се лимитираните патики, чија цена расте. Она со што некогаш се занимаваа само „фриковите“ станува се’ поомилено и побарано ширум светот.