1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот за Палермо може скапо да ги чини судиите

ДТЗ
29 март 2022

Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска ги повика Владата, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да испитаат дали има прекршување на етичките кодекси

Nord-Mazedonien Staatskommission für Korruptionbekämpfung
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Патот во Палермо може многу да ги чини тројцата ВИП гости од судството, коишто камерите ги снимија во вип ложата на фудбалскиот стадион, каде што македонските фудбалери ја победија Италија во полуфиналето за пласман на Светското првенство. Антикорупциската комисија не попушта и бара одговор на чија сметка патувале министерот за правда Никола Тупанчески, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев. 

Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска ги повика Владата, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да испитаат дали има прекршување на етичките кодекси, откако се појавија информации дека патувањето било на сметка на Фудбалската федерација на Македонија, а тие наводно добиле и гратис влезници во ВИП ложата.

„Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, порача Ивановска. 

Владата го следи случајот 

Од Владата велат дека го следат случајот со министерот за правда Тупанчески и неговото присуство на натпреварот во Италија. Откако ќе ги разгледаат сите аргументи ќе постапат по кодексот за етичко однесување.  

Обвинителката Фетаи и судијата Нанев и вечерва ќе ги бодрат фудбалерите од трибините во Португалија, додека министерот за правда, поради службени обврски најави дека нема да патува на овој натпревар. Тој претходно изјави дека е „шокиран“ што е прозван од антикорупционерите и смета дека ниедна законска ниту етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија. 

Обвинителката Фетаи е единствената од ВИП патниците која што ги покажа уплатниците за платените аранжманиФотографија: Petr Stojanovski

„Трошоците за патувањето во Палермо ги платив самиот, од мојата трансакциска сметка“, изјави Тупанчески во емисијата „Утрински брифинг“, откако јавноста бурно реагираше што првите луѓе од судството патувале „бесплатно“ на фудбалски натпревари. 

Уплатниците на Фетаи 

Обвинителката Фетаи е единствената од ВИП патниците која што ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. Двете уплатници се од 28 март, додека патувањата се реализираа на 22 и 27 март. Аранжманот за Палермо, Фетаи ја чинел речиси 24.000 денари, а за Порто платила околу 17.000 денари. 

-повеќе на темата: Борба со ветерници - само три иницијативи на антикорупционерите за 20 години завршиле на суд

Од Антикорупциската комисија посочуваат дека согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси, нивна обврска е да ги истражат сите аспекти на случајот, коишто се поврзани со начелото на интегритет на службените лица, нивното одговорно и транспарентно работење, како и постоењето евентуален судир на интереси. 

Случајот излезе во јавноста истиот ден (24.03) кога американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнз, на прес-конференција посочи дека македонските граѓани немаат доверба во судството. Повикувајќи се на неодамнешната анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството, таа порача дека е неопходно да се врати довербата кај граѓаните да видат дека системот функционира.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми