1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Патот кон НАТО и ЕУ преку заедничко прифатливо решение„

6 ноември 2007

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани за време на нејзиниот говор во Лондонската школа за економија ги обвини властите во Скопје дека делуваат провокативно.

Грчкиот премиер Караманлис и министерот БакојаниФотографија: AP

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани смета дека прашањето за уставното име на Македонија не е емоционално туку прашање на регионална стабилност. „Ние ги покажавме нашите добри намери, сега нашите пријатели во Скопје исто така мора да преземат чекори од своја страна„ изјави Бакојани во обраќањето во лондонската школа за економија.

Ниту една воена алијанса и партнерство не може да постои без взаемна доверба и добрососедски односи единствениот пат за Скопје кон НАТО и ЕУ е патот на заедничко усогласено решение, изјави Бакојани.

Шефот на грчката дипломатија го обвини раководството во Скопје дека и покерај грчките потези на добра воља делува провокативно и се служи со политички јазик од 19 век. Про македонската теорија која Скопје се обидува да ја фабрикува во обид да добие поддршка за својот идентитет и актите на провокација создава анахронизам вели Бакојани.

Таа смета дека Македонија е широк географски регион од кој повеќе од 50% и припаѓаат на Грција. Два ипол милиони грци, меѓу нив и премиерот Костас Караманлис се чувствуваат горди заради тоа што се македонци, изјави Бакојани.

Според нејзе Атина му дава целосна економска и политичка поддршка на северниот сосед, во кој досега има инвестирано една милијарда евра. 20 илјади луѓе според неа живеат од парите на Грција.

Бакојани, која утре треба да допатува во посета на Берлин зборуваше и за Косово. Таа притоа нагласи дека Косово е европски проблем, кој мора да добие европско решение. Грчката министерка истовремено предупреди дека каква било унилатерална иницијатива би претставувало закана за долгорочната стабилност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми