1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Педесет милиони евра казни за ширење омраза на интернет

Иван Ѓерковиќ
9 март 2018

Во Германија од јануари годинава е во сила НецДГ, новиот закон со кој државата сака да ја искорени омразата на интернет. Критичарите тврдат дека новиот закон ја загрозува слободата на говор

Symbolbild Tastatur Internet
Фотографија: picture-alliance/dpa/Hildenbrand

Новиот закон пропишува дека платформите со повеќе од два милиони корисници мораат да ги бришат противзаконските содржини. Како е тоа замислено? На пример, некој корисник на социјална мрежа објавува навреда која не е во согласност со законот. Или повикува на насилство против други луѓе.  Доколку некој го пријави тој пост, фирмата која е сопственик на платформата мора да ја избрише спорната содржина и тоа во рок од 24 часа по пријавата. Доколку не ја избрише, ѝ се заканува висока парична казна- до 50 милиони евра.

Повеќе на темата: 

Германија остро ќе го казнува говорот на омраза на Интернет

Со новиот закон државата сака да го ограничи говорот на омраза кој се шири низ социјалните мрежи

Тоа е добро замислено, но може ли да функционира во пракса? Германските интернет портали во повеќе наврати бришеа постови во кои се навредуваа емигрантите. Се работеше, на пример, за твитови на челниците на десничарската партија АФД.

Но, исто така избришани се и постови кои го исмејуваа говорот на омраза кон странците- конкретно се работеше за пост на сатиричниот магазин Титаник. Тоа ги налути критичарите кои тврдат дека се работи за цензура и дека со новиот закон во Германија се загрозува и слободата на мислење

Дали е оправдана критиката?

„Мислам дека е оправдана. Секако дека омразата и десно-екстремната пропаганда која ја сејат фабриките на тролови се проблем, но тоа не може да се решава на начин на кој тоа се обидува да го стори НецАГ. Тоа е занаетски лошо направен закон, кој е усвоен пребрзо. Слободата на мислење е во опасност кога одлуката за тоа кои постови ќе се бришат, им се препушта на екстерни платформи и нејзините сопственици. На пример, на Фејсбук и Твитер. Во случајот со сатиричниот магазин Титаник видовме дека беа избришани содржини кои всушност го штитат правото на слободно изразување на мислење. И тоа квази превентивно, во страв од можни казни,“ вели Даниел Шешкевиц од Германското здружение на новинари (ДЈВ).

А што велат бројките? Во првите два месеци од годинава, за говор на омраза кој не е избришан од интернет, во Германија се регистрирани 205 кривични пријави. Тоа е далеку помалку од очекуваното. Сојузната влада, имено, прогнозираше дека ќе има дури 25 илјади пријави.

Милионски казни против омраза на интернет

03:03

This browser does not support the video element.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми