1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пежо-Ситроен го купува Опел

НД/ дв
6 март 2017

Француската компанија сопственик на Пежо и Ситроен ја купува европската подружница на Џенерал Моторс и брендовите Опел и Воксол. ПСА е на пат да стане вториот по големина производител на возила.

Deutschland Frankreich Symbolbild Logo PSA Peugeot Citroen und Opel
Фотографија: Getty Images/T. Lohnes

Пред оддржувањето на денешната прес-конференција во Париз, францускиот производител на возила ПСА го најави преземањето на европската подружница на Џенерал моторс (ГМ) со договор вреден 1,3 милијарди евра.

Во соопштение за јавноста, ПСА извести дека компанијата ќе ги преземе и финансиските операции на ГМ Европа во заеднички договор со банката БНП Парибас.

Со преземањето на Опел и Воксол, кои досега функционирааа под капата на ГМ, ПСА ќе стане вториот најголем производител на автомобили во Европа, додека на првото место останува Фолксваген.

Договорот вклучува преземање на шест фабрики за склопување, пет погони за производство на делови и повеќе од 40.000 вработени. Генералниот директор на ПСА Карлос Таварес изјави дека компанијата е „длабоко посветена на продолжување на развојот на компанијата (Опел) и забрзување на растот“.

На прес конференција тој изјави дека планот на ПСА не е да влегува во конфронтација со синдикатите. Зборувајќи за Опел тој изјави дека „компанија која има долгови повеќе од една деценија, секако претставува проблем“.

„Сметам дека синдикатите се доволно мудри за да разберат дека моменталната ситуација мора да биде подобрена".

Лиса Луис, дописникот на ДВ од Франција известува дека синдикатите се убедени дека претстојат масовни отпуштања по изборите во Франција и Германија. Според нејзините информации, синдикатите се решени да се спротивстават заедно со нивните колеги во Германија и Британија.

Крај на децениските проблеми?

Договорот за преземање на Опел и Воксол од страна на ПСА доаѓа по речиси дведецениската криза на европската дивизија на ГМ. И покрај тоа што нивните автомобили се честа глетка на германските патишта, Опел и британскиот роднина Воксол немаат забележано профит од 1999 година.

Менаџментот на Опел успеа да ги намали загубите во последните години и да го намали падот на уделот на пазарот, но ваквите напори се соочија со потешкотии откако по Брегзит падна вредноста на фунтата.

Најголемиот пазар на Опел за моделите Инсигниа и Корса е Велика Британија, каде овие модели се продаваат под брендот Воксол.

Експертите често велат дека Опел не успева да го намали вишокот на капацитет во фабриките. Останува на новите сопственици да се соочат со тоа.

„Опел страда од преголеми капацитети повеќе од другите европски производители на автомобили, што значи дека треба да нуди големи попусти за да оддржи одредено ниво на производство, и тоа е тоа што и штети на профитабилноста", изјави Стефан Брацел, истражувач во МАЦ.

ПСА веќе навести дека сака Опел да остане германска компанија. Но тоа исто така имплицира дека дека ќе мора да го реструктуира бизнисот без голема финансиска помош од Французите. Опел од неодамна со помош на јавни личности се обидува да го подобри имиџот низ Европа.

Критичарите на потегот велат дека најголемата грешка на Опел е инвестирањето на премногу пари во маркетинг, наместо во производите

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми