ПЕИ на избори, но и во опозициска коалиција
17 февруари 2013Лидерот на Партијата за европска иднина (ПЕИ) Фиат Цаноски денеска соопшти дека без оглед на кандидатурата на Зунун Зунуни за градоначалник на Општина Маврово-Ростуше, ПЕИ останува дел од здружената опозиција „Сојуз за иднината“.
„Бидејќи се работи за специфична општина за етничката заедница на која припаѓаме, апелираме до граѓаните и јавноста да имаат разбирање за нашата постапка во Маврово-Росуше, бидејќи оваа кандидатура не значи дека не се согласуваме со генералната одлука за бојкот на претстојните локални изброи“, наведува Цаноски во соопштение.
Пратениците на ПЕИ, се вели во соопштениетио, „ги депонираа своите оставки со што јасно и недвосмислено потврдуваме дека на 24 март, заедно со сите други наши колеги од опозицијата, ќе ги вратиме нашите мандати“.
Според податоците од изборните комисии, Зини Зуни од ПЕИ се јавува како кандидат за градоначалник на општината Маврово-Ростуше, а неговиот сопартиец Ихмет Ејупи е носител на советничка листа во истата општина.
Медиумите шпекулираат дека станува збор за реализација на соработката меѓу ПЕИ и владејачката ДУИ, што пред еден месец беше потврдувана, па демантирана.
Кон средината на јануари лидерите на двете партии Фиат Цаноски и Али Ахмети, преговарале околу можноста во некои општини да соработуваат. Тогаш за „Press24“, висок функционер на ДИУ изјави: „Можам да ви потврдам дека со Фиат Цаноски се договоривме, тие да го поддржат нашиот кандидат во Струга, а ние да им дадеме поддршка во Маврово-Ростуше. Значи, тие ќе гласаат за нашиот кандидат во Струга, а ние нема да одиме со кандидат во Маврово-Ростуше и ќе гласаме за изборот на ПЕИ“.