1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Пекинг: Исчезнатиот шеф на Интерпол примал поткуп

СН/ агенции
8 октомври 2018

Кина го сомничи довчерашниот претседател на Интерпол, Менг Хонгвеи за корупција. Нему му се изгуби секаква трага по пристигнувањето во Пекинг пред две недели.

Meng Hongwei Interpol-Präsident wird in China vermisst
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Maye-E

Властите во Пекинг соопштија денеска дека кинескиот чиновник  Менг Хонгвеи, кој поднесе оставка на чело на Интерпол, е под истрага дека примал мито. Менг „примал поткуп и е осомничен дека го прекршил законот“, се наведува во соопштението на Министерството за јавна безбедност. Деталите за случајот не се наведуваат, а соопштението е издадено неколку часа откако меѓународната полициска организација Интерпол ја објави оставката на Менг на функцијата претседател на извршниот комитет, без наведување на причината.

Менг е заменик на кинескиот министер за јавна безбедност. Неговата сопруга Грејс Менг во петокот изјави оти не се слушнала со него откако на крајот на септември отпатувал во Кина. Оттогаш не се знае каде е и што се случува со него.

Сопругата на Хонгвеи, Грејс зборува со новинариФотографија: Getty Images/J.Pachoud

Дисциплинското тело на кинеската владеачка Комунистичка парија на Кина (КПК) соопшти вчера дека Менг е под истрага на кинеската антикорупциска служба. Интерпол, меѓународната полициска организација со седиште во Лион, соопшти оти потпретседателот на извршниот комитет, Јужнокореецот Ким Јонг Јанг, ќе ја врши должноста претседател.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми