1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Играње со оган“ околу Тајван

СН/агенции
15 април 2022

Со руската инвазија врз Украина во задината, заканите на Кина против Тајван добиваат нова експлозивност. САД ја демонстрираат својата поддршка со посета на Тајпеј. Пекинг реагираше експресно.

Кинески воен брод од типот 052Ц
Кинески воен брод од типот 052ЦФотографија: Kyodo News/imago images

Кина соопшти дека нејзината војска извела вежба во близина на Тајван, каде претстојува делегација на Конгресот на САД во знак на поддршка на тамошните власти. 

Со воените маневри Тајван, Кинаго зголемува притисокот врз демократската островска република и врз САД. Според информациите на кинеската војска, за време на маневрите биле вежбани напади и во морската област и во воздушниот простор околу Тајван.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг,  Жао Лиџијан денеска соопшти дека маневрите се „контрамерка на негативните неодамнешни акции на САД, вклучително и најновата посета на делегацијата на американскиот Конгрес на Тајван. Кина „ќе продолжи да презема строги мерки за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет“, додаде Жао.

Тој притоа мислеше на ненадејната посета на Тајпеј на делегација на американскиот Конгрес предводена од влијателниот републикански сенатор Линдзи Греам, која денеска се состана со тајванската претседателка Цаи Инг-вен. 

Делегација на американскиот Конгрес на средба со претседателката на Тајван во ТајпејФотографија: Taiwan Presidential Office/REUTERS

Пекинг ги предупреди САД да не си „играат со оган“

Портпаролот на кинеското МНР истакна дека САД  се виновни за тензиите меѓу Кина и Тајван бидејќи ги поддржуваат тајванските „сили за независност“. „Кој си игра со оган, на крајот самиот ќе се изгори“, рече Жао. Прашањето на Тајван, според него е „внатрешна работа“ на Кина, која не дозволува странско мешање. Кина го смета Тајван само како дел од својата територија и цврсто ги отфрла ваквите официјални контакти на нејзините дипломатски партнери со владата во Тајпеј.

Американските претставници и тајванската претседателка Цаи Инг-вен седат на растојание во претседателската канцеларија во Тајпеј

За време на нивната посета, американските делегати ветија поддршка од САД за претседателката на Тајван Цаи Инг-вен

САД: Цврста поддршка за Тајван

Од руската инвазија на Украина, се зголемуваат стравувањата дека и Пекинг би можел да ги исполни своите често повторувани закани за освојување на островот. САД одамна се обврзаа да придонесат за одбранбената способност на Тајван и да доставуваат оружје.

Се обидува ли Кина да создаде замена за Хонгконг?

01:17

This browser does not support the video element.

Со нивната посета, американските претставници сакаа да ја „демонстрираат цврстата поддршка на САД за Тајван“, објави американската страна. Сенаторот Роберт Менендез ја предупреди Кина од можните последици од загрозувањето на статусот на островот.

Народна Република Кина и Тајван, чие официјално име е Република Кина, имаа посебни влади уште од Кинеската граѓанска војна, водена во втората половина на 1940-тите. По поразот во Граѓанската војна од страна на комунистите, националистите предводени од Чанг Кај Шек се преселија на Тајван, остров на 160 километри од кинеското копно, и таму воспоставија влада во 1949 година.

Оттогаш, Тајван всушност функционира како независна држава, но Пекинг се противи на какви било официјални контакти на тајванската влада со други земји бидејќи тврди дека островот е дел од нејзината територија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми