1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски: Да му се извиниме на народот за иселувањето

БГ
25 ноември 2019

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска од Скопје ја дообјаснуваше својата изјава за иселувањето. Граѓаните си заминуваат поради претераната партизација, вели тој.

Stevo Pendarovski
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

Македонските граѓани си заминуваат поради претераната партизација на државата, оцени денеска претседателот Стево Пендаровски, еден ден откако неговата изјава дека и тој би се иселил доколку не е претседател, предизвика реакции во јавноста. Пендаровски вели дека таа изјава е погрешно пренесена. 
„Сите политичари ја имаме вината за иселувањето, треба да му се извиниме на македонскиот народ за лошите политики во овој дел“, рече Пендаровски.
Тој смета дека пописот во 2011 бил прекинат затоа што се вмешала политика откако се увидело дека „малку луѓе се останати во државата.“
Треба наместо да зборуваме во чие време колку луѓе се иселиле, да го средиме тој проблем, бидејќи не сме за фалење. Иселувањето не може целосно да се искорени, тоа не се случило никаде во светот, но може да се намали. (...) Поради претераната партизација се селат граѓаните, тоа мора да се смени“, рече Пендаровски. Иселувањето од земјата повторно се наметна како тема по изјавите на Пендаровски. Според податоци на Обединетите нации и Светската банка, во изминативе децении од Северна Македонија се иселиле повеќе од 500 илјади луѓе. Организацијата за економска соработка и развој проценува дека во периодот од 2012 до 2016 година, годишно од земјата се иселувале над 20 илјади граѓани, или вкупно повеќе од 115 илјади.

Младите се иселуваат, компаниите бараат работници

06:05

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми